Правила кои не се прекршуваат кога сте во врска
Животот би бил многу полесен кога би имале листа со одговори на тешките прашања и ситуации. Во романтичните врски често таквата листа може да ни помогне.
Иако знаеме дека секоја личност е посебна, како и секоја врска, и дека е тешко да се споделат совети, ќе се обидеме да предложиме четири начини за да ја направите вашата врска со партнерот поуспешна.
Ова не мора да значи дека ако ги прочитате овие четири совети сè ќе биде подобро, за тоа е потребно време и напор.
Ова се четири правила кои не би требало да ги прекршувате доколку сте во врска:
1. Луѓето не се обврзани да ја возвраќаат љубовта. Тешко е да се сака некој кој не ви се допаѓа, а е вљубен во вас.
Според чувствата на другите треба да се однесувате со почит и да разјасните како навистина се чувствувате, за другата личност да реши дали треба да продолжи да ве освојува.
2. Секој сака внимание. Дефинитивно ќе забележите ако некој ви дава повеќе внимание, поминува повеќе време со вас или ги разбира вашите потреби. Во тој момент треба да размислите внимателно за лицето кое ви го дава вниманието.
Ако сте во врска, а вашиот партнер не ги чувствува вашите потреби и емоции, време е да раскинете.
3. Сакајте се себеси. Ова не значи дека сте егоисти или дека ги поставувате вашите потреби пред потребите на вашиот партнер, туку ги разбирате вашите желби и чувства.
Накусо, ова ќе ви овозможи да не му дозволите на вашиот партнер да ве изневери. Ако знаете како да се сакате себеси ќе знаете како да се однесувате кон другите луѓе.
4. Не останувајте во врска во која повеќе не постои љубов. Колку и да звучи ова тешко никој не е обврзан да ве сака вечно, без разлика дали имате деца.
Ако чувствата не постојат размислете за тоа што е најдобро за вас. Во секој случај, најлошо е да бидете товар на личноста која некогаш сте ја сакале.
Ашера | Црнобело