Правила кои треба да ги следите доколку сакате да се смирите со бившиот
Можеби вашата врска завршила бидејќи некој не бил доволно лојален или искрен. Можеби не сте се сакале доволно или можеби едноставно не сте биле подготвени да влезете во врска...
Каква и да била вашата причина, во тој момент сте сакале да ја прекинете врската. Но, сега размислувате повторно да се обидете. Се прашувате дали ова е добра идеја...
Пред да зачекорите во минатото дознајте кои од овие правила треба да ги следите, доколку сакате да се смирите со бившиот партнер:
Не го спомнувајте минатото
Не треба да зборувате за старите расправии и за лошите спомени од минатото. Веројатно ги спомнувате бидејќи не успеавте да ги решите кога тоа било потребно.
Минатото е во минатото и таму треба да остане засекогаш.
Не глумете детективи
Доколку сте биле одделени подолго време постои можност дека и двајцата имавте други партнери во меѓувреме. Но, тоа едноставно не мора да се спомене.
Златното правило број два е дека она што се случило додека сте биле одвоени не треба да влијае на вашиот однос сега.
Започнете од почеток
Не ја кршете главата со она што било порано и што не можете да го промените. Обидете се да започнете од самиот почеток. Запознајте се со нов, подобар и изменет партнер.
Дајте му шанса да докаже дека сега сè ќе биде различно.
Бидете внимателни
Доколку сте одлучиле да простите и да започнете од почеток ова не значи дека треба да толерирате сè. Ова правило е едноставно - внимавајте.
Сетете се зошто раскинавте
Зошто раскинавте? Не се сакавте доволно? Неверство? Дали едноставно не можевте да преминете преку неговите постапки? Размислете за овие прашања пред да одлучите да бидете повторно заедно.
Не ги повторувајте истите грешки
Луѓето тешко се менуваат, но повторно, не ја исклучувајте можноста дека можеби вашиот партнер навистина се променил. Она што можете да го направите е да не ги повторувате истите грешки од минатото.
Ако сте биле премногу напорни и строги, променете го тоа. Ако сте биле емоционално недостапни опуштете се и дозволете му на пртнерот да ви се доближи.
Не брзајте
Кога ќе се смирите со бившиот партнер првото нешто што ќе го забележите е дека емоциите ви се враќаат автоматски. Но, треба да забавите и да размислите добро.
Сепак сте имале причин да ја раскинете врската. Не брзајте. Однесувајте се како да се запознавате за првпат. Времето ќе го направи своето. Ако ви е судено ќе бидете заедно и сè ќе биде подобро отколку порано.
Пробајте нови работи
Пред повторно да влезете во врска со бившиот партнер пробајте нешто ново. Можеби заедничкото хоби повеќе ќе ве поврзува. Најважно е да бидете апсолутно сигурни дека сакате да бидете повторно заедно од вистински причини, а не поради тоа што не сакате да бидете сами.
И, се разбира, потрудете се вашето минато да не стане вашата иднина.
Ашера | Црнобело