5 знаци дека во врската се однесувате како родител, а не како партнер
Повеќето двојки се стремат да бидат еднакви во врската. Желбата да се грижиме за партнерот е сосема природна, но постои тенка граница меѓу грижата за партнерот и она што наликува на грижа за детето.
Ова се пет знаци кои укажуваат дека во врската повеќе се однесувате како родител, а помалку како партнер.
1. Постојана нетрпеливост
Никој не сака постојано да му се кажува како треба да живее. Можеби ова делува како единствениот начин да стигнете до партнерот кој се однесува како дете, но тоа не е решение. Потребен е конструктивен разговор помеѓу двајца возрасни луѓе за да се надминат проблемите.
2. Расправија без решение
Дискусиите и кавгите се составен дел на секоја врска, но важно е да ги разрешите успешно. Ако расправиите не ги завршите успешно ќе чувствувате лутина и гнев. Вашиот однос со вашиот партнер треба да биде поинаков, бидејќи вашите улоги се еднакви.
3. Чистење зад партнерот
Не треба да го пратите партнерот и да чистите зад него. Без разлика дали се работи за храна, облека или садови, партнерот треба да биде свесен дека тој треба сам да чисти зад себе.
4. Оправдувања
Нормално е да сакате да го видите вашиот партнер во најдобро светло и да сакате да ги браните неговите одлуки. Но постојаната потреба да го оправдувате неговото лошо однесување нема да ја направи вашата врска поуспешна.
Поттикнете го вашиот партнер да ја прифати одговорноста за своето однесување.
5. Целосна контрола
Некои луѓе едноставно сакаат да ги контролираат другите. Ако го контролирате секој аспект на врската, бидејќи немате доверба во вашиот партнер, тогаш се јавува проблем. Важно е двајцата партнери да го разберат статусот на врската и да сакаат да се променат.
Ако не му дозволите на вашиот партнер да донесе свои одлуки, тоа ќе влијеа на вашата врска и на вашата иднина.
Ашера | Црнобело