13 знаци дека не е вљубен во вас, туку само сте му навика
Дали имате лоша интуиција за вашата врска, како од утробата да чувствувате дека таа нема да ви донесе среќа во животот?
Нема ништо погрешно во тоа да сакате да бидете сакани.
Но, некогаш толку многу посакуваме романса што се задоволуваме со просечна врска и недоволна посветеност од страна на партнерот.
Размислете добро - дали ве сака доволно?
Знаци дека не е вљубен во вас, туку сте му само навика:
- Никогаш не ви се отвора емоционално и не ви дозволува да ѕирнете во неговиот внатрешен свет.
- Нема некоја значајна врска зад себе и сето време првенствено си го посветувал на самиот себе, партнерките секогаш му биле во втор план, исто сте му и вие.
- Тој е комплетен противник на какво било искажување на емоции во јавност.
- Контактира со поранешни партнерки и со тоа покажува непочит кон вас.
- Понекогаш се чувствувате како странец покрај него.
- Ве познава само површински и не се ни интересира да дознае нешто повеќе за вашите желби, потреби и стравови.
- Секогаш се трга на страна кога имате кавга и не е заинтересиран да го реши конфликтот.