7-те најтоксични лаги кои партнерот може да ви ги кажува
„Среќен/а си што воопшто ме имаш, никој друг не би те сакал.“ – Најтоксичната лага што партнерот може да ви ја каже.
Некои љубовни врски за жал се бавна и мачна манипулација. Вашиот ум е труен со лажни зборови и на моменти дури се прашувате за својата вредност.
Повеќе не сте ниту самоуверени, ниту среќни...
Токсични лаги кои партнерот може да ви ги кажува:
„Среќен/а си што воопшто ме имаш, никој друг не би те сакал.“
„Сè во твојата глава, престани да измислуваш.“
„Не е чудно што немаш многу пријатели... Навистина си тежок/тешка за сакање.“
„Сè што е погрешно во нашата врска е поради тебе.“
„Само се шегувам, зошто сè сфаќаш толку сериозно и си ставаш на срце?“
„Никогаш не сум го кажал/а тоа.“
„Знаеш навистина не си толку добар/а како што мислиш, ниту на работа, ниту дома.“
Ако партнерот постојано ви ги кажува овие фрази, запомнете дека не се вистинити. Запомнете дека сте прекрасни, сакани од многу луѓе и вредите.
С. С. | Црнобело