Како да препознаете дали е љубов или треба да остане пријателство?
Љубовта некогаш може да биде навистина комплицирана, особено кога се поставува прашањето дали и другата страна е подеднакво заинтересирана како што сте вие.
Всушност, ова е навистина важно прашање во секоја врска. Луѓето некогаш се спремни да се борат со сите сили за некого за кого не се сигурни што реално чувствуваат.
Како да знаете дали сте навистина романтично заинтересирани за некого, или пак тоа е само минлива заљубеност? Најлесно е прашањето да си го поставите самите на себе и уште поважно - да го знаете одговорот.
Овие пет знаци ќе ви помогнат полесно да сфатите дали е љубов или само минлив интерес:
Знаете што е љубов и ја чувствувате
Точна дефиниција за љубов не постои, бидејќи тоа најчесто е многу субјективна работа. Но, важно е да знаете да направите разлика меѓу тоа да се заљубени и некого реално да сакате.
Поставете си го ова прашање, сетете се на сè што сте читале во книги и списанија и детектирајте. Дали срцето ви „прескокнува“ кога ќе го/ја видите, дали сакате да знаете сè за него/неа, дали сакате да биде среќен/на макар и по цена вие да не сте вклучени во тоа...? Ако овие чувства не постојат, тогаш оваа личност ви е важна, но не доволно за да ја сакате.
Нештата се еднакво балансирани
Кога некого сакате и сте сакани со иста мера, тогаш чувствувате како во вашиот живот постои неверојатна рамнотежа и не сте под стрес дека многу давате, а ништо не добивате. Поминувате квалитетно време заедно, а сè што „давате“ и „земате“ е рамномерно распределено.
Ако постои барем најмал стрес дека не добивате колку што давате, или пак се чувствувате како другата страна премногу да вложува, а вие не, тогаш овој однос не се заснова врз љубов.
Не ве заморува со непотребни нешта
Кога сте во врска, тоа се подразбира и дека со таа личност имате комуникација дури и почеста од вообичаено. Ако не ве заморуваат неговите/нејзините прашања за тоа како ви поминал денот, ниту пак интересот што го покажува за вашиот живот, вие сте спремни со таа личност да делите и споделувате многу повеќе.
Среќни сте што го добивате вниманието и не ви е неудобно да зборувате себе. Дали би сакале и повеќе од тоа? Ако одговорот е да, честитки, тоа е љубов.
Не ја доведувате врската во прашање
Сосема е нормално да сте сомничави околу својата врска, но тоа не треба да прерасне во параноја, ниту пак да ве попречува во нормалното функционирање. Напротив, треба да ви биде удобно и ова прашање сè поретко да се врти низ вашата глава.
Но, ако постојат мисли во кои се прашувате дали вреди да вложувате, дали ви е доволна таа личност, дали навистина сакате врска, па дури и ако мислите на други, тоа значи дека ни самите не сте сигурни дека треба да продолжите.
Вашето внимание не „лута“
Дали гледате во други луѓе, размислувајќи дека би биле подобри за вас? Дали пријателите инсистираат да ве запознаат со некој кој би бил подобар? Каков и да е случајот, доколку барем едно од овие нешта се случува, тогаш не сте спремни за врска со таа личност.
Ако бевте сигурни, пред сè, немаше воопшто да се загледувате во други, а не пак да го поставувате прашањето дали можеби тие други се подобри за вас.
Е. Д. | Црнобело