5 знаци дека сакате сериозна врска, иако тешко признавате
Луѓето и нивните потреби се менуваат, па затоа не паничете ако сфатите дека кежуал состаноците и несериозните врски веќе не ве исполнуваат како некогаш.
Тоа може да значи дека веќе не ви е интересен тој начин на функционирање, но и дека најверојатно имате потреба од нешто поконкретно, пореално и подлабоко - сериозна врска.
Ова се петте знаци кои ќе ги препознаете кај себе во ваква ситуација:
Кежуал врските веќе не ви се интересни
Некогаш ви беше интересно да се гледате со некој кој ви се допаѓа, но да не се врзувате во врска. Но, сега сфаќате дека тоа веќе не ви е интересно и дека не ви е сеедно да трошите време извесен период на некој за кого знаете дека не сте сериозно заинтересирани.
Откако го сфативте ова, време е да почнете да размислувате што треба да промените и како да се поставите, за да можете да најдете партнер со кој ќе формирате реална сериозна врска.
Преку глава ви е од игри
Искрено, веќе немате нерви за во својот живот да пуштате луѓе за кои знаете дека не се способни за врска. Смачено ви е и од тоа да ловите или да бидете плен и да се прашувате дали оваа личност вреди за трудот.
Подготвени сте за пораки за добро утро и добра ноќ или уште подобро, да ги слушате секое утро на будење и секоја вечер пред спиење како ги шепотат во вашето уво.
Ви се допаѓа идејата за излегување во парови
Пред извесно време сфативте дека повеќе би сакале да бидете излезени на мирни места со саканата личност или пак да се дружите и со други парови, наместо да ги минете викендите покрај шанк или со многу храна.
Идејата за врска ви е попривлечна од тоа да бидете во дискотека до доцна, да флертувате или да имате необврзувачки секс со некој што неодамна сте го запознале.
Посилни сте, но ви недостига поврзување
Вашето животно искуство ве направи цврста и силна личност и веќе имате научено многу животни лекции. Но, веќе ви недостига нешто - некој со кого ќе го споделите сето тоа.
Сакате да чувствувате пеперутки, сакате да се возбудувате на телефонски повици, сакате да слушате колку сте прекрасни... Сите овие знаци ви кажуваат дека веќе сте дораснати да го правите тоа со некој кој ве заслужува.
Не се согласувате на „ситни“ вредности
Подготвени сте за врска и тоа ви станува јасно со секој поминат ден. Сакате да се пронаоѓате во љубовни песни. Сакате да бидете нечија инспирација, но и вие да ја имате.
Сакате да се отворите за своите желби на некој кој е спремен да ве прифати дури и во најмрачното расположение. Затоа што таа личност ја заслужила вашата доверба и прави да се чувствувате прекрасно дури и надвор од својата комфорна зона.
Е. Д. | Црнобело