Од нестабилна врска до брак со истиот човек – на што треба да обрнете внимание?
Ако сте решиле да се смирите со бившиот партнер со кој цело време сте биле „на паузи“, но и да го направите чекорот кон посериозна врска, треба да обрнете внимание на неколку работи.
Тешко е да одржите цврста врска со човек со кој постојано сте раскинувале и повторно сте се смирувале, а уште потешко е кога ќе решите да се смирите „засекогаш“ и да го направите чекорот кон нешто посериозно.
Доколку одлучите да одите во таа насока, мора да знаете дека ќе има напредок, дека нема да биде како порано и дека тоа навистина ќе трае.
На кои работи треба да обрнете внимание ако сакате да станете сериозни со партнерот со кој никогаш не сте знаеле на што сте?
Откријте зошто не успевало претходно
Која е причината заради која во минатото никогаш не ви успевало и секогаш сте се одлучувале за раскинување? Дали сте сигурни дека сега е поразлично од тогаш?
Осигурајте се дека сите проблеми во врската ви се решени
Не дозволувајте да одите по пократкиот пат и да ги „закопате“ проблемите кои долго време се таложеле и решете ги еднаш – засекогаш.
Изедначете си ги целите во животот
Би било проблем доколку имате различни цели и замисли за иднината, што веројатно се случувало во минатото кога не сте успевале.
Но, доколку сега сакате да одите кон посериозно, мора да имате исти цели и да ги изедначите ставовите.
Дали сакате свадба
Ако сте решиле да ја однесете врската кон посериозно ниво, мора да бидете на исто – дали сакате да правите свадба или можеби само би се регистрирале.
Не смеете да дозволите повторно да има неизедначени ставови, бидејќи тука повторно ќе наидете на старите проблеми.
Дали ќе го направите овој чекор за да ја „поправите“ врската?
Многу е важно да бидете сигурни дека се одлучувате на овој чекор бидејќи тоа го сакате и сте подготвени за нешто посериозно, а не бидејќи мислите дека венчањето е начин да се обврзете и да ги средите проблемите.
M. M. | Црнобело