Не сакам некој да се заљуби во мојата убавина, сакам некој да се заљуби во моите лузни

ne-sakam-nekoj-da-se-zaljubi-vo-mojata-ubavina-sakam-nekoj-da-se-zaljubi-vo-moite-luzni-01.jpg

Не сакам некој да се заљуби во мојата насмевка, сакам некој да се заљуби во моите солзи и во приказните кои ги кријат.

Сакам некој да ја разбере болката зад секоја солза и да ги разбере солзите кои ја покриваат секоја насмевка.

Не сакам некој да се заљуби во моето смеење, сакам некој да се заљуби во мојата тишина.

Сакам некој да се заљуби во ехото на мојата тишина. Со мислите кои ме демнат навечер, кога светот се замолчува, собата се затемнува, а мојот ум почнува да се прашува што не е во ред со светот, со мојот живот и со мене. 

Не сакам некој да се заљуби во моето лице, сакам некој да се заљуби во моите очи, да види колку се длабоки и да научи од тајниот јазик кој го зборуваат.

Сакам некој да погледне бестрашно во нив и да го види светот низ моите очи – да види на што блескаат, на што трепкаат, на што ги затворам и како гледам во него.

Не сакам некој да се заљуби во моите усни, сакам некој да се заљуби во зборовите кои излегуваат од нив.

Зборовите кои ги кажувам нежно кога сум кршлива и зборовите кои ги извикувам кога сум нервозна. Зборовите кои ги користам кога си ги искажувам чувствата и кога откривам тајни.

Не сакам некој да се заљуби во мојата нормалност, сакам некој да се заљуби во мојата апсурдност.

Сакам да се заљуби во моите слатки, секојдневни навики, но и во оние чудните. Во моите нереални очекувања и големи соништа. Сакам некој да ги види комплексноста и едноставноста истовремено. Сакам некој да ја види поврзаноста во мојата контрадикција.

Не сакам некој да се заљуби во мојата убавина, сакам некој да се заљуби во моите лузни.

Бидејќи, тие лузни ме прават таа што сум, тие лузни ми помогнале да сфатам што сакам и тие лузни се оние кои покажуваат дека сум била скршена од љубов и тие лузни ми помогнале да сакам пак.

Тие лузни се причината зошто уште сакам иако боли, тие се причината зошто уште барам дури и ако никогаш не најдам никој доволно добар.

Тие лузни ќе бидат главна причина зошто ќе ги разберам неговите лузни и ќе знам како да ги излечам и сакам.

Бидејќи, не сакам да сакам да сакам некој кој никогаш претходно не бил повреден, не сакам да се заљубам заради неговата убавина, туку во она што го прави убав.

Извор

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg