Топ 4 причини зошто жените ги откачуваат мажите
Жените знаат да бидат многу толерантни во врските, но често преку некои работи едноставно не можат да поминат.
Жените се свесни дека со одредени мажи едноставно не можат да градат среќна иднина.
Причини зошто жените решаваат да стават крај на врската:
Тој е луд по контрола
Овој маж доминира и смета дека има право да носи одлуки во име на жената. Доминантен е финансиски, емоционално, па дури и сексуално.
Иако е природно мажите да сакаат мала доминација, сепак претераното однесување од овој тип е токсично на долг рок.
Тој не е човек од доверба
Иако е во врска со вас се однесува како Казанова. Флертува со сите секогаш и секаде и не можете да му верувате комплетно. Свесни сте дека е можно да има тајни авантури и со него никогаш нема стабилност.
Тој ги гуши
Жените имаат потреба од независност и маж што не им дозволува да уживаат во животот со полн здив дефинитивно не им е потребен. Ако не ѝ дозволува да излегува со пријателките, да патува и да гради кариера, тогаш тој не е за неа.
Наместо да ги осудува нејзините постапки, мажот треба да ѝ биде ветер во грб.
Тој е неодговорен
Доцни на состаноци, не му е грижа за нејзиното здравје и води неодговорен начин на живот. Ја зема врската здраво за готово и не се грижи доволно за неа.
С. С. | Црнобело