Како гушкањето навечер може да ви ја спаси врската?
Ноќта е периодот кога се ослободувате од сите одговорности и светот стивнува. Тогаш гушкањето е уште помоќно.
Гушкањето изгледа едноставно, но дали сте знаеле дека може да спречи врската да ви се распадне?
Тоа го намалува крвниот притисок, релаксира и помала е веројатноста дека партнерите ќе си се истурат еден на друг.
Физичкиот контакт прави да се лачи хормонот на среќа окситоцин и ја зголемува довербата и благодарноста. Прегратката ве дисконектира од надворешниот свет и прави да се фокусирате еден на друг.
Ја подобрува самодовербата и ви помага да ги контролирате ирационалните страови и грижи.
Но, зошто толку е корисна токму навечер?
Затоа што ноќта е периодот кога се ослободувате од сите одговорности и светот стивнува. Тогаш гушкањето е уште помоќно. Се фокусирате само еден на друг и на ништо друго.
Наместо само да заспиете во кревет еден до друг, задолжително одвојте време за прегратка. Со текот на времето оваа практика ќе ви ја спаси врската.
С. С. | Црнобело