Да не гледа други жени и да заборави на пријателите: 7 очекувања од вашиот сопруг што може да ви го уништат бракот

Штом сте во брак, разбирливо е дека сте си потребни еден на друг, без разлика дали се работи за емоционална поддршка во тешки времиња или бесцелен телефонски разговор на пауза од работа само затоа што немате што попаметно да правите во моментот.

da-ne-gleda-drugi-zheni-i-da-zaboravi-na-prijatelite-7-ochekuvanja-od-vashiot-soprug-shto-mozhe-da-vi-go-unishtat-brakot01.jpg

Но, некои очекувања од вашиот сопруг или од вашиот брак, се нереални.

Овде ќе ја повлечеме линијата помеѓу тоа што е прифатливо и тоа што е претерано:

Го терате да одбере помеѓу вас и неговата мајка

Без оглед на тоа каков проблем имате со свекрвата - можеби вашиот сопруг понекогаш ја става на прво место или едноставно не можете да најдете заеднички јазик - најдобро е да се потрудите да го решите проблемот во сржта.

Таа, на крајот на краиштата, е причината поради која тој постои. Што и да се случува и колку и да се лутите, запрашајте се дали ќе си наштетите ако ѝ попуштите.

Многу често примирјето бара многу мала жртва, но доколку се чувствувате понижени секој следен пат, поразговарајте со партнерот за да дојдете до заедничко потенцијално решение.

Очекувате да ве слуша како што тоа го прави вашата најдобра пријателка

Обврска му е да ве ислуша, апсолутно. Но, можеби е паметно кога имате едноставна потреба да се истурите некому без да барате мислење, сепак да се обратите кај пријателките.

Додека вие имате потреба да се изразите емотивно, мажите се создадени да го идентификуваат и решат проблемот.

Затоа, не го ставајте во ситуација каде треба само да молчи и слуша, ќе се почувствува бескорисен.

da-ne-gleda-drugi-zheni-i-da-zaboravi-na-prijatelite-7-ochekuvanja-od-vashiot-soprug-shto-mozhe-da-vi-go-unishtat-brakot-004.jpg

Очекувате никогаш повеќе да не погледне друга жена

Бидете искрени, зарем не забележувате атрактивни мажи низ градот? Само затоа што сте во брак не значи дека треба да шетате со затворени очи, па затоа не може да очекувате од вашиот сопруг да не забележи убава жена.

Гледањето е природно, сè додека не премине во флерт, барање број или неверство.

da-ne-gleda-drugi-zheni-i-da-zaboravi-na-prijatelite-7-ochekuvanja-od-vashiot-soprug-shto-mozhe-da-vi-go-unishtat-brakot-002.jpg

Барате да се откаже од своите страсти и интереси

Кога ќе размислите, тие се дел од неговата личност и причината поради која се заљубивте во него. Не спротивставувајте се на енергијата што ја троши за тие работи, бидејќи тоа не значи дека го игнорира семејството, туку ја дохранува сопствената среќа. Секако, балансот е клучен во оваа ситуација.

Очекувате да биде поинаков човек

Кога ќе поминете одредено време во брак, природно ќе ви се наметне прашањето: Зошто се омажив со овој човек?

Тој можеби не се однесува во согласност со заедничкиот распоред и тоа ужасно ве нервира - но не смеете да си дозволите да се вознемирувате за ситници.

Разговарајте за индивидуалните одговорности за да не се чувствува како вие да одлучувате за него и дајте му шанса да преземе одговорност.

Барате да заборави на пријателите

Ако се надевавте дека неговиот здодевен пријател ќе исчезне откако ќе стапите во брак, сигурно до сега сфативте дека надежите нема да ви се исполнат.

Без разлика колку долго сте заедно, на вашиот сопруг му требаат пријатели на кои ќе им се довери, исто како и вам.

Тој исто така има потреба од луѓе кои се само негови пријатели, не само парови со кои заеднички се дружите.

da-ne-gleda-drugi-zheni-i-da-zaboravi-na-prijatelite-7-ochekuvanja-od-vashiot-soprug-shto-mozhe-da-vi-go-unishtat-brakot-003.jpg

Се однесувате како само тој да е возрасен во врската

Никој не сака да се однесува како возрасен цело време, и никого не треба да го принудувате на тоа. Ако мислите дека вашиот сопруг ви должи извинување, не напаѓајте го непотребно и несновано, туку директно кажете го тоа.

Детското однесување нема да му докаже ништо, ниту пак ќе му го пренесе тоа што го чувствувате и сакате да го изразите. Напротив, тоа често може да ви се врати по глава бидејќи е една од најдеструктивните форми на комуникација во врската.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg