Ако сте уморни од кажување „извини“ - кажете „збогум“

Секој пар има несогласувања и кавги, но има и граници до каде може да се оди со сето тоа. Кога односот ќе стане нездрав, тогаш не е на добро.

grizhete-se-za-onie-koi-gi-sakate-duri-i-koga-ste-im-luti-01.jpg

Не се обесхрабрувајте, бидејќи колку порано завршите некој однос кој ве труе, толку побрзо ќе се ослободите од вината и лошото чувство. Во исто време, ќе се заштитите од тоа да бидете скршени.

Не постои магична формула за да можете веднаш да сфатите дали вреди за некого да се борите и дали караниците ќе поминат. Но, забележете како вие се чувствувате. Дали чувствувате вина и се обвинувате себе, дури и кога не сте криви за ништо? Тоа воопшто не е добро.

Ако сте вие тие што се извинувате, можеби почесто го правите тоа отколку што го кажувате своето име. Дали ви е јасно функционирањето на вашата свесност? Дали можеби го правите тоа поради личноста со која сте избрале да бидете блиски?

Ова важи и за пријателствата, но и за поповршните односи како што се колеги на работа или познаници, а не само за романтични врски.

grizhete-se-za-onie-koi-gi-sakate-duri-i-koga-ste-im-luti-03.jpg

Една од најтешките лекции во врските е дека никој не сака да ја има целата одговорност врз себе, па често прави другата личност да се чувствува лошо и повредено, но и да се извинува за нешто што не е виновна.

Многумина мислат дека тоа е нормален дел од борбата за љубов и спасување на односите. Но, размислете како се чувствувате потоа? Дали ви е полесно или сте повознемирени? Дури и кога се извинувате и кога ви „простуваат“, ако потоа нема олеснување, тогаш бидете свесни дека овој однос не е тоа што ви треба.

Вие сте одговорна личност која има контрола врз својот живот и сигурно немате време да се извинувате и правдате за нешта кои воопшто не се ни во вашата надлежност и одговорност. Таква врска, едноставно, не вреди да ја спасувате.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg