„Се разведов и сега сум посреќна од кога било“ - 5 исповеди дека разводот е нов почеток

„Една седмица по разводот го купив мојот прв автомобил. Никогаш не сум била толку горда на себе, работев напорно за тоа...“

se-razvedov-i-sega-sum-posrekjna-od-koga-bilo-5-ispovedi-deka-razvodot-e-nov-pochetok-01.jpg

По разводот личноста кажува збогум на дел од минатото и не е секогаш лесно.

Има период на разочараност и депресија и некои денови се прашувате како понатаму. Но, верувајте дека за себе ќе изградите нов свет и ќе бидете посреќни од кога било.

Овие луѓе се доказ за тоа:

„Пред една година жена ми ме остави мене и нашите ќерки. Конечно ги добив сите документи за разводот. Што значи дека сега сум ангелот чувар на моите мали „чудовишта“. Во текот на оваа година ослабев 31 килограм, се грижам за моето здравје и гледам како моите ќерки растат. Никогаш не сум бил толку среќен.“

se-razvedov-i-sega-sum-posrekjna-od-koga-bilo-5-ispovedi-deka-razvodot-e-nov-pochetok-02.jpg

„Се разделив со сопругот, минав низ пекол, но потоа се најдов себеси вистински. Симнав 42 килограми. Се чувствувам како друга личност и се радувам на тоа што животот допрва ќе ми го понуди.“

se-razvedov-i-sega-sum-posrekjna-od-koga-bilo-5-ispovedi-deka-razvodot-e-nov-pochetok-03.jpg

„Една седмица по разводот го купив мојот прв автомобил. Никогаш не сум била толку горда на себе, работев напорно за тоа. Поранешниот сопруг ми велеше дека ќе ме научи да возам, но остануваше само на ветување. Сè уште имам трема кога возам и застанувам да земам здив, но среќна сум.“

se-razvedov-i-sega-sum-posrekjna-od-koga-bilo-5-ispovedi-deka-razvodot-e-nov-pochetok-04.jpg

„Во последните 10 години имав проблеми со финансиите, работев и студирав, се разведов и искусив многу падови. Во последниве 5 месеци се оженив повторно, дипломирав на медицина и работам по струка. Да кажам дека сум среќен е премалку.“

se-razvedov-i-sega-sum-posrekjna-od-koga-bilo-5-ispovedi-deka-razvodot-e-nov-pochetok-05.jpg

„Пред една година мојот болен развод конечно заврши, се чувствував депресивно и истоштено. По 6 месеци сфатив дека треба комплетно да му се посветам на моето хоби велосипедизам повторно и тргнав на неверојатни тури низ разни краишта во светот. Пресреќна сум!“

se-razvedov-i-sega-sum-posrekjna-od-koga-bilo-5-ispovedi-deka-razvodot-e-nov-pochetok-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
Најголеми грешки што ги прават партнерите по разводот, според адвокатка на славни личности Ким Кардашијан, Бритни Спирс, Аријана Гранде, Анџелина Џоли, Џони Деп, се дел од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg