Ќе продолжиш понатаму, иако сега ти изгледа дека ќе умреш од скршено срце

Ќе остануваш будна до 3 часот по полноќ надевајќи се дека ќе ти пише порака, иако минале денови и седмици во тишина.

kje-prodolzhish-ponatamu-iako-sega-ti-izgleda-deka-kje-umresh-od-skrsheno-srce-01.jpg

Писмо до сите девојки со скршено срце:

Боли кога сфаќаш дека животот ќе ти мине без личноста од која си била зависна и си мислела дека ќе го минеш животот со неа.

Тешко е да пронајдеш среќа повторно, кога толку долго се потпираше на него да те развесели кога не се чувствуваше добро.

Тешко е да научиш да си ги пресушиш солзите и да пронајдеш начин да се смееш повторно.

Тешко е да научиш одново да правиш сè сама и да се справиш со осаменоста.

Ќе чувствуваш ужасна осаменост од која нема да можеш да избегаш.

Ќе остануваш будна до 3 часот по полноќ надевајќи се дека ќе ти пише порака, иако минале денови и седмици во тишина.

Ќе го следиш на социјалните мрежи секој негов чекор, ќе се обидеш да дознаеш работи за него преку пријателите, ќе си правиш сценарија во главата. Ќе напишеш десетици пораки до него и ќе ги избришеш.

Ќе чувствуваш дека срцето ти нема сила за да се справи со ова.

Ќе сакаш да се откажеш од сè, нема да бидеш продуктивна и ќе сакаш само да се сокриеш во црната дупка на очајот.

kje-prodolzhish-ponatamu-iako-sega-ti-izgleda-deka-kje-umresh-od-skrsheno-srce-02.jpg

Но, потоа еден ден без предупредување ќе сфатиш дека си се променила.

Си пораснала.

Ќе се разбудиш и ќе одлучиш дека доволно беше да мислиш на него.

Ќе сфатиш дека е заминат и дека не се враќа и дека е време да продолжиш понатаму.

Темниот облак што ти висеше над глава ќе исчезне и пред да се освестиш сонцето повторно ќе блеска за тебе со сиот свој сјај.

Ќе почнеш повторно да го чувствуваш своето срце како чука, а не само болка и тага.

Конечно ќе се смееш повторно и ќе се забавуваш.

Ќе се сетиш како е да шеташ наоколу без константна тежина на градите.

Ќе се чувствуваш нова и целосна повторно.

Ќе сфатиш дека единствената причина за твоето постоење си ти и твојата среќа.

Веќе нема да бидеш сама и исплашена, ќе бидеш слободна и полетна.

Ќе ги собереш сите скршени парчиња од себе и ќе продолжиш понатаму посилна од кога било.

.... Затоа што новите можности чекаат на тебе!

Но, овојпат ќе научиш пред сè да живееш само за себе и за никој друг.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg