Кои се предностите на сексот во долги врски и како тој изгледа?
Притисокот пред прв состанок и пред прв секс со нов партнер ни е добро познат, иако често излегува дека всушност, не ни бил потребен.
Сепак, на почетокот на сексуалниот живот со нов партнер мислиме на изборот на складна долна облека, на отстранување на несаканите влакна (важи и за двата пола), на телесниот мирис, како и на целокупниот физички впечаток. Во долгите врски ова е многу различно.
Што е добар секс е многу субјективна перцепција, но постојат и генерални фактори од кои тој зависи. На пример, многу е подобро кога нечии родители не се во другата соба или кога расположението и атмосферата исклучуваат стрес поради можни пречки во целата акција.
Сексот во долгите врски има одредени предности и тоа:
Нема притисок од никаде
Партнерите веќе одамна не обрнуваат внимание дали и колку срамните влакна се изникнати, дали гаќичките се во склад со градникот и дали мирисаат на штотуку избањати.
Партнерите веќе се чувствуваат добро еден пред друг
Веќе не постои анксиозноста поради одредени физички недостатоци, како што се пеги, акни или вишок „мевце“ во одредени зони на телото.
Нема страв од пречки
Дури и ако семејството е во дневната соба, врската веќе е повеќе од јасна пред сите, па кога сте во собата на партнерот или тој во вашата, сигурно никој нема да дојде и да ве нуди со кафе или сок.
Не постои срам
Паровите кои се во врска не се срамат да експериментираат, бидејќи знаат дека ако излезе катастрофа, ќе си се вратат на дотогашната практика. Исто така, не им е незгодно да кажат што им се допаѓа, а што не.
Сигурни се за љубовниот статус
Додека новите парови уште не се сигурни како ќе се одвиваат нештата во блиска иднина, оние кои се долго заедно знаат дека така и ќе остане сè додека се на иста бранова должина/
Не се плашат да ги зачинат нештата
Иако можеби веќе се влезени во одредена рутина и знаат што точно сака едниот, а што другиот, овие парови се поопуштени кога треба да експериментираат повеќе за да воведат нешто ново во сексуалниот живот.
Е. Д. | Црнобело