Мислите дека сте заљубени? 3 лажни знаци на заљубеност
Дали знаете да ја препознаете љубовта? Ја опишуваат како чин на задоволување на основните емоционални потреби и интензивното чувство на блискост меѓу двајца луѓе, но работите не се секогаш толку едноставни.
Овие три чести знаци, кои ги поврзуваме со љубовта, можат да претставуваат само пријателство или краткорочно флертување, не нужно и љубов.
Забава
Ако секогаш се забавувате со некоја личност тоа не мора нужно да биде знак дека сте заљубени. Доколку некоја личност ја разбира вашата смисла за хумор не мора да значи дека ќе стане љубовта на вашиот живот. Можеби е само добар пријател.
Пеперутки во стомакот
Познатите “пеперутки во стомакот“ често се сметаат за симбол на заљубеност, но истите можете да ги почувствувате за речиси сé. Жените често ги чувствуваат кога купуваат нов пар чевли, мажите кога игра нивниот омилен клуб... Истражете ги вашите емоции подлабоко и дознајте која е вистинската причина за пеперутките во стомакот.
Страст
Доколку сексот ви е феноменален, тоа не значи дека ја пронајдовте вашата сродна душа. Ова значи дека меѓу вас постои сексуална хемија и компатибилност во креветот. Истото не значи и емоционална поврзаност или романтични чувства.
Ашера | Црнобело