Ако ја сакаш, не ја уништувај
Сакам да се присетиш како изгледаше таа првиот пат кога ја здогледа… Ти доaѓа ли на ум дека таа беше сè за што мечтаеше?
Знам дека ја сакаш. Да не ја сакаше немаше да бидеш со неа.
Но, бидејќи си само човечко суштество со емоции што варираат, можно е да ја сакаш на погрешни начини.
Здравата и среќна врска може да се трансформира во деструктивна ако ја третираш полошо од она кое таа го заслужила.
Сепак, се надевам дека ќе се обидеш да ја сакаш исправно.
Сакам да се присетиш како изгледаше таа првиот пат кога ја здогледа. Таа беше сè за што ти мечтаеше.
Можеби тоа беше нејзината убавина, нејзината дива природа, смислата за хумор или самостојноста, но сети се дека во неа го пронајде тоа што го немаше во ниту една друга.
Ако ја сакаш, сакај ја на вистинскиот начин за да ја сочуваш нејзината убавина, природност и дух.
Таа е господар на својата судбина, но мора да сфатиш дека ти играш голема улога во нејзиниот живот. Начинот на кој се однесуваш со неа го одредува начинот на кој таа се доживува самата себе. Можеш да направиш очите да ѝ блескаат, но и можеш да направиш да се чувствува изгубено. Биди внимателен со неа.
Знај дека веќе била повредена и не сака повторно да ѝ се случи тоа. Ако е со тебе, знај дека го победила стравот и несигурноста, го занемарила минатото и одлучила на љубовта да ѝ даде уште една шанса.
Ти го довери срцето. Немој да ја изневериш.
Биди присутен во мигот, неа ништо не ја уништува повеќе од твојата емоционална отсутност. Можеш да седиш цел ден со неа, а всушност да не си со неа, туку далеку со мислите.
Знај дека ќе ја повредиш ако почувствува дека ти треба, но не ја посакуваш. Ќе го уништиш секој дел од неа, ако ја доведеш до степен да моли за твојата љубов.
Не ја користи само за да пополнуваш празнина во себе и нешто што некој го уништил, ниту пак да ја гледаш како свој проект, како нешто што треба да биде поправено.
Таа ти кажа за своето минато и за тоа дека срцето ѝ било распрснато на милион парчиња, но тоа не е затоа што сака да ја поправиш.
Не однесувај се кон неа како да е скршена жена. Помогни ѝ да сфати дека доживеала лоши работи за да може да го цени тоа што го има денес, она доброто кое доаѓа за неа.
Сакај ја со сите мани и несигурности. Толку несовршена колку што си и ти самиот.
Остави ја да биде онаква каква што се гледа во огледало – луда, дива и слободна. Ако не ја прифатиш таква и не ја поддржиш, тоа ќе ја уништи.
Ако ѝ ја покажеш месечината, таа ќе ти ја покаже целата галаксија.
Ако ја сакаш вистински, таа ќе ти врати во уште поголема мерка.