Природен афродизијак
Заборавете на скапиот кавијар. Ако постојано сте во потрага за подобар секс постојат многу едноставни начини како да стигнете до него. Храната...
...се смета за најголем афродизијак. Што треба да набавите:
1. Аспарагус. Кај нас не е многу застапен, но ако се потрудите, ќе успеете да го пронајдете. Во 19-тиот век се користел токму како потенцијално средство за секс.
2. Банана. Не само заради обликот. Ензимот бромелаин кој ја обвиткува бананата помага за машката потенција.
3. Таинствениот дар од истокот од неодамна е достапен и кај нас. Гинсенг ја поттикнува желбата за физички контакт.
4. Смокви. Во антички времиња, бербата на овие плодови во Стара Грција, била проследена со диви оргии.
5. Ротквица. Египетските фараони ја сметале за божествен афродизијак, веројатно затоа што нејзиниот редок вкус го скокоткал непцето.
6. Ореви и бадеми. Масни и вкусни. Во комбинација со мед, гарантираат жешки страсти.