Зошто помладите мажи се состануваат со постари жени?
Биби Ланч е жена која сака врски со помлади мажи и вели дека динамиката на ваквата комбинација е фабулозна. Имала дури и 14 години помладо момче од себе. Што мислите вие за ваквите врски?
Многу познати дами се состануваат со помлади момчиња. Сетете се само на гласините за 25-годишниот Лиам Пејн и на 48-годишната Наоми Кемпбел, а и во Македонија сè поголем е бројот на постари жени со помлади мажи.
Некои луѓе на ова гледаат со чудење, но не се чудат кога постари мажи со моќ и искуство се состануваат со нежни и кршливи девојчиња.
Но, Биби Ланч е жена која отсекогаш сакала врски со помлади мажи и вели дека динамиката на ваквата комбинација е фабулозна. Најголемата разлика во години ѝ била 14 години помладо момче.
Таа вели дека овие момци се енергични, цврсти, паметни, успешни, креативни и неверојатно жешки. Пишуваат, прават музика и се супер интересни.
Спротивно на претпоставките дека состаноците со нив ќе бидат непријатни поради разликата во генерации, не се. Биби открива дека тие зборуваат за работата, политиката, светот и се смеат. Нема чувство дека се помлади сè додека не излезе со нив надвор на дневна светлина и им ја види кожата.
Помладите мажи се позгодни и ги гледаат жените како еднакви на себе. Постарите, иако се прават модерни, сè уште се заглавени во стереотипите и жената секогаш ја поврзуваат со идејата за мајка што седи дома. Се плашат од силни жени. Помладите мажи се и поголеми авантуристи во поглед на сексот.
Па, според сето ова јасно е зошто постарите жени одат со помлади мажи.
Но, прашањето е зошто помладите мажи одат со постари жени?
Биби им пишала на своите поранешни помлади партнери и тие ѝ откриле дека постарите жени се привлечни затоа што имаат вистински животни искуства и гледаат од поинаква перспектива. Жената која видела сè е интересна, отворена и интелектуално ги стимулира.
Спротивно на претпоставките, тие не го поврзуваат тоа со некој проблем со мајките од детството, туку едноставно сметаат дека постарите жени се посамоуверени, знаат што знаат што сакаат во животот, а и во сексот и не се плашат да го кажат тоа. Плус, тие се поедноставни и го ценат секој ден.
Секси е и што се малку предаторски настроени и не сонуваат за некоја бајка, туку се реални. Не се наивни и имаат став за разни работи во животот, заклучиле партнерите на Биби.
С. С. | Црнобело