Пред да пораснете, мора да се вљубите точно 3 пати…

Пред да пораснете и да се наречете себеси возрасен, мора да се вљубите 3 пати…

Pred-da-porasnete-mora-da-se-vljubite-tocno-3-pati-01.jpg

Мора еднаш да се вљубите во најдобриот пријател, уништувајќи го вашето пријателство засекогаш. Ова ќе ве научи кои се вашите вистински пријатели и ќе ви ја открие тенката граница помеѓу пријателството и нешто повеќе.

Мора еднаш да се вљубите во некој за кого верувате дека е совршен. Ќе научите дека апсолутно никој не е совршен и дека никогаш не треба да дозволите да ве третираат поинаку од начинот на кој заслужувате.

И мора еднаш да се вљубите во некој што е ист како вас. Ова ќе ве научи кои сте и што сакате да бидете во иднина.

Кога ќе завршите со трите големи љубови, ќе научите дека луѓето кои најмногу ве сакаат и најмногу се грижат за вас се оние кои ги повредувате. А оние коишто ве повредуваат вас, се луѓето коишто ви се најмногу потребни.

Но, она што најмногу ќе го научите е дека љубовта е само концепт кој не може да се дефинира, кој е различен за секоја личност што ја искусува. Ќе научите да го почитувате секој човек на планетата, знаејќи дека сè што посакува тој – е да биде сакан.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg