Вљубувањето буквално го менува телото на жените
„Љубовен вирус“ не е само поетски израз за фазата во која жената се вљубува и почнува да се менува и психолошки, но и физички.
Најпрво, во нејзиното тело, кога сфаќа дека е вљубена, почнува да се продуцира специфичен протеин наречен интерферон, кој вообичаено се лачи кога телото треба да се бори против вируси.
Овој протеин ги прави посилни и поенергични, па затоа свежо вљубената жена може со ноќи да не спие од возбуда, а да јаде нешто колку да се рече и повторно да биде енергична и продуктивна.
Во истиот овој период, поради возбудата, нејзината физичка појава е уште попривлечна од претходно, а тоа објаснува и зошто се појавуваат нови додворувачи токму во моментот кога таа се вљубила во некого. Исто така, поради активноста, енергијата и чувството на вљубеност, таа речиси и заборава да јаде, па нагло може да изгуби и по некој килограм и да забележи дека облеката ѝ е малку поширока по само 4-5 денови.
Кога ќе се намали нивото на овој протеин, односно кога таа ќе почне да се стабилизира, тогаш доаѓа фазата во која сфаќа дека или ја нашла љубовта на животот или дека момчето, сепак, не би го избрала за партнер. Во тој момент и се враќа онаква каква што била претходно.
Е. Д. | Црнобело