Дали активното барање љубов ги намалува шансите да ја најдете?
Почеток на година е и по краткиот период храна и славење, сфаќате дека целите од минатата година уште стојат и дека треба да се потрудите да ги остварите годинава.
Некои имаат зацртано дека сакаат да ја најдат вистинската љубов, но колкави се шансите да успеат во тоа? Нема ништо лошо во ваквата желба, се додека е реалистична.
Од една страна, не можете да најдете ако не барате, но од друга, некогаш колку и да барате, нема да најдете. Затоа и мора да направите разлика околу тоа дали сте во потрага по партнер кој ви одговара или пак, целта ви е дефинитивно да најдете партнер кој може дури и да отстапува од вашите зацртани критериуми.
Ако правите напори да го промените својот статус, потребно е тоа да го правите со здрави и промислени чекори, свесни за потенцијалните проблеми што може да настанат.
Зошто да го поставите ова како цел?
Ако сте личност која е ориентирана кон остварување цели, тогаш наоѓањето партнер сигурно веќе се наоѓа на вашата листа на потенцијални достегнувања. Кога луѓето се фокусирани на барање љубов, тоа им дозволува да имаат контрола врз она што сакаат да го постигнат. Затоа и тие се дисциплинирани на патот кон таа цел.
Сепак, не е во наша „надлежност“ кога ќе сретнеме некого кој е компатибилен со нас, бидејќи почесто среќаваме луѓе кои не се тоа. Но, фокусот кон љубовта дава дополнителна мотивација за да целите кон тоа.
Како активното барање врска влијае врз состаноците?
Луѓето често имаат недостаток на мотивација да го подобрат својот љубовен живот. Потрагата по партнер вклучува замислена слика за идеалната личност и нејзина споредба со оние кои ги запознаваме. Но, кога целта е да се најде партнер со кој ќе се започне врска, тогаш се случува да направиме многу отстапки, со цел адаптирање на другата личност и нејзино прифаќање.
Кога вршиме притисок врз себе за наоѓање на личност со која ќе поминеме добар дел од животот, нашиот мозок може да формира аверзија кон оние кои не се според саканите критериуми. Но, ако инсистирате од секој состанок да го извлечете она што ќе ја направи личноста „таа, вистинската“, тогаш може целосно да го уништите состанокот.
Подобро е состаноците да ги договарате свесно, без да идеализирате или да си создавате нереални очекувања. Имајте цели, но тие нека бидат во склад со реалноста.
Е. Д. | Црнобело