„Романтични“ гестови преку партнерот ги покажува своите несигурности

Секој од нас има одредени несигурности, кои во поголем или помал процент влијаат врз тоа како размислуваме и како се однесуваме во врска.

romantichni-gestovi-preku-partnerot-gi-pokazhuva-svoite-nesigurnosti-01.jpg

Едни умеат да ги замаскираат, а други успешно се борат против своите несигурности. Постојат и оние кои сето ова го затскриваат зад романтични гестови, бидејќи така мислат дека воспоставуваат контрола врз врската.

Но, никој не може да контролира што другата личност чувствува и мисли. И покрај тоа, несигурните личности се спремни да кажат и направат нешта кои ќе им помогнат да се чувствуваат посигурно, создавајќи една шема од однесувања за да бидат постојано сигурни дека партнерот уште е со нив.

Ова се само некои од најчестите такви однесувања:

Постојано пишување пораки и јавување само за да ве чујат

Постои одредена фреквенција кога ова е слатко и романтично, но сè после тоа е претерано и напорно. Од една страна, едниот сака да биде сигурен дека му дава доволно внимание на другиот, без да размислува дека можеби претерува. Но, од друга страна, токму ваквото однесување може да биде причина за создавање одбивност.

romantichni-gestovi-preku-partnerot-gi-pokazhuva-svoite-nesigurnosti-02.jpg

Претерано изразување љубов

Ако партнерот претерува со изјави на љубов и користи фрази како „нашата љубов“, тогаш сака да се осигура дека навистина таа постои, не оставајќи ви простор да кажете нешто поинаку. Многумина решиле да не преземаат ништо и да „тераат“ со таа љубов, за да не го повредат другиот, кој пак, само сака да биде сигурен дека ве „врзал“ за себе.

Им откажуваат на пријателите за да бидат со вас

Во почетокот на врската овој гест е романтичен и може да ве увери дека му значите на партнерот. Но, ако ова се случува и по неколку месеци или години, а вие веќе се прашувате каде се пријателите кои ги имаше, тогаш е време за сериозен разговор во кој ќе објасните дека пријателите се и повеќе од потребни.

Се фалат со вас на социјалните мрежи

На секоја ваша објава имаат коментар, на профилната слика е ваша заедничка фотографија, споделуваат линкови на вашиот ѕид... Ова не е ништо повеќе од бележење територија пред сите ваши виртуелни и реални пријатели.

romantichni-gestovi-preku-partnerot-gi-pokazhuva-svoite-nesigurnosti-03.jpg

Ве „изненадуваат“ со појавување таму каде сте излезени

Излеговте со пријателите и сè беше во ред и одеднаш, вашиот партнер се појави да ве изненади. Да, бевте изненадени, но тоа беше далеку од пријатно. Всушност, бевте шокирани како на некого може да му падне на памет да го направи тоа, а вашите пријатели сигурно уште се шегуваат со вас на таа тема.

Не знаат да ви кажат „не“

Сте забележале дека вашиот партнер би одел и на места каде нималку не му е пријатно, само затоа што сте го поканиле. Веројатно и вие сте биле свесни за тоа дека го каните од пристојност и дека тоа место не е пријатно за него, но тој сепак решил да дојде. Што повеќе може да се каже за ова?

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg