Златните правила за пишување пораки со момчето кое ви се допаѓа
Технологијата многу ни ги олеснува животите кога е во прашање комуникацијата, па дури и со оние кои ни се допаѓаат. Нема ништо лошо во текстуалниот флерт пред да се случи прв состанок.
Ако знаете како да флертувате со пораки, тогаш сигурно добро го разбирате значењето на секој збор, кратенка и емоџи. Секако, во текстуалните пораки не можете да го слушате гласот, да ги ловите погледите, има недостиг на допири, трепкање со очи и други заводливи движења.
Па, кои се предностите на флертувањето преку пораки, во однос на зборувањето по телефон или средбата во живо?
Пораките всушност се многу лесни за првично запознавање, без притисок и нервоза. Исто така, може да послужат и за создавање на некаква конекција меѓу двете личности, за врз нејзина основа да се гради нешто поголемо.
Колку и да сте искусни во ова, сигурно можете да бидете и подобри:
Брзината на одговарање е еквивалентна со нивото на интерес
Ако сте заинтересирани и возбудени за личноста, ќе се случи да проверувате дали ви стигнала порака на секои неколку минути, а ќе се борите и со себе да не одговарате во истата секунда.
Текстот може да биде сфатен погрешно
Имајте предвид дека во пораки нема никаков тон, па другата страна може погрешно да го интерпретира напишаното. Внимавајте и со емоџи иконите, интерпункцијата, па дури и на употребата на големи и мали букви.
Не пишувајте пораки кога сте алкохолизирани
Пишувањето „под влијание“ можеби во моментот изгледа како добра идеја, но следниот ден веројатно веќе нема да биде така, особено ако откриете премногу информации или ако веќе сте во врска со друга личност.
Имајте на ум дека можеби сте случаен улов
Постојат оние кои пишуваат на голем број девојки и ќе се состанат со онаа која најлесно ќе падне на мамката. Не можете да бидете сигурни дека не се работи за таква личност, но не се ни надевајте дека сте избрани затоа што сте една и единствена.
Не си пишувајте со друг додека сте на состанок
Тоа е дрско и нељубезно. Ако сте решиле да излезете со некого, останете присутни во секоја можна смисла на состанокот. Потоа, можете да правите што сакате.
Е. Д. | Црнобело