Силната жена не гледа назад на врската која завршила
Кога сте биле со некој што го сакате, нормално е да боли кога тоа ќе заврши, па така и неа ја болеше кога се разделивте.
Во тој миг таа се чувствуваше предадено и повредено затоа што навистина се грижеше за тебе. Но, љубовта не трае вечно, Откако се откажа од неа, за неа веќе не постоиш.
Ќе ѝ биде многу подобро без тебе. Нема да ја троши залудно својата љубов на тебе и ќе се спаси себеси.
Откако ќе си заминеш од нејзиниот живот таа ќе научи да се сака себеси повеќе од што некогаш мислела дека е можно.
Не постои нешто што може да ја натера да се откаже од тоа за да ти се врати на тебе. Стекна премногу почит за себеси за некогаш повторно да си дозволи да мине низ тоа.
Таа си ја знае својата вредност и не си посакува живот со некој кој е подготвен да ја фрли нејзината љубов во корпа. Знае дека го заслужува најдоброто. Некое време ќе биде сама, а потоа ќе продолжи понатаму.
Некој прекрасен ќе дојде и ќе ја сака на начинот на кој заслужува да биде сакана.
Зошто би ти се вратила тебе кога знае дека таму некаде има некој што знае да ја сака вистински? Нема да ти се врати. Таа замина и тоа засекогаш.
Кога таа вели збогум, мисли засекогаш. Кога ја прекина врската со неа згреши и сега нема поправен.
Сега живеј со последиците што изгуби толку силна и прекрасна жена. Таа заврши со тебе засекогаш.