Машки сурови одговори: Зошто ја изневерувам сопругата?

Дали постои вистинска причина со која партнерот може да се оправда за прељубата, или, пак, што и да се каже се само празни изговори?

mashki-surovi-odgovori-zoshto-ja-izneveruvam-soprugata-1.png

Прељубите се честа појава, како во врските, така и во браковите. Сите кои ги изневеруваат партнерите за тоа имаат свои „мотиви“, „оправданија“ или „алиби“.

За едни е последица на несвесно, импулсивно и нагонско однесување, на други им недостасува страста во спалната соба, додека трети не се задоволни од моменталниот однос во кој се наоѓаат со животните сопатници.

mashki-surovi-odgovori-zoshto-ja-izneveruvam-soprugata-2.png

Запрашани да ги наведат причините заради кои тие ги изневеруваат сопругите, неколку мажи во брак ги дадоа овие сурови одговори:

„Изневерувањето на сопругата во мојот случај не е нешто кое го правам плански. Спонтано ми се случува. Да бидам искрен, самиот чин не ми значи ништо во емоционална смисла. Немам чувства кон другата страна, туку преовладува нагонот во мене.

Си ја сакам жената и уживам во нашиот заеднички живот. Но, сметам дека кај мнозинството парови, или барем оние кои се доблесни да си го признаат ова, после долгогодишен однос доаѓа до заситување во сексуалниот живот. И тогаш сме подложни на искушенија од сировите страсти. Колку и да се трудиме да го потиснеме таквиот порив, понекогаш е ужасно тешко. Па, во дадена ситуација ќе ја пречекориме границата и доаѓа до прељуба.“

mashki-surovi-odgovori-zoshto-ja-izneveruvam-soprugata-3.jpg

„Не сум горд што ја изневерувам жената, ама не можам да си помогнам на себеси. Вкупно шест години сме во врска и брак, а страста меѓу нас е одамна исчезната. Колку и да пробувавме, невозможно ни е одново да ја вратиме. Ова не значи дека не ја љубам својата сопруга. Ја сакам повеќе од било кого и од било што.

Меѓутоа, ете ми недостасува таа страст, па ја добивам преку секс со случајни партнерки. Знам дека сум за секаква осуда и знам дека не постои никакво оправдување. Меѓутоа, не ме гризе совеста, бидејќи си го претставив неверството во главата како нешто попатно и неважно, затоа што така и е.

За да не испаднам лицемерен, ќе кажам дека не би ми пречело ни сопругата да го прави истото. Јас би прифатил отворен брак, но тешко ми е да поверувам дека и таа би се согласила.“

mashki-surovi-odgovori-zoshto-ja-izneveruvam-soprugata-4.png

„Постојат разни причини заради кои ја изневерувам. Некогаш само затоа што ќе ме налути, па не сакам да навлегуваме во подлабоки расправии. Неретко од досада. А, во деведесет и девет проценти од случаите, тоа го правам исклучиво од физички побуди.

Не ми е непријатно после направена прељуба, бидејќи знам точно зошто сум ја извршил. Чувствата и емоциите се едно, а телесните потреби нешто сосема друго. За мене постои важна разлика меѓу сексот и водењето љубов.“

mashki-surovi-odgovori-zoshto-ja-izneveruvam-soprugata-5.jpg

„Ги изневерував партнерките во минатото. Денес истото и го правам на сегашната сопруга. Тоа нема баш никаква врска со емоциите. Не можам да кажам дека секојпат било спонтано. Честопати и намерно излегував надвор со намера или желба да завршам со друга жена во кревет. А, дури и девојките на моите пријатели доаѓале предвид.

Нагонот е посилен од мене. Ја сакам сопругата и благодарен сум ѝ за сета љубов, разбирање и внимание што ми ги дава. Највеќе од сè за прекрасното девојче кое ми го роди. Меѓутоа, настрана сè, јас не можам да одам против себе. Во повеќето ситуации се впуштам во флерт, бидејќи добивам некаков знак од спротивната страна. Потоа ми станува лесен плен за освојување.

Но, повторувам – никогаш не ги мешам чувствата. Напротив. Најчесто спијам со нив само еднаш, а подоцна по секоја цена избегнувам да го продолжам контактот. Ми се има случено со некоја да се видам и повеќепати, ама ова по правило било со зафатени жени, кои слично на мене се желни за дискретна забава, или, пак, неодоливо привлечни се како љубовници.“

mashki-surovi-odgovori-zoshto-ja-izneveruvam-soprugata-6.png

„Пред да се венчаме, со сопругата се забавувавме година дена, бев лудо вљубен во неа. Сè беше совршено. Се сложувавме за буквално сè – посебно во сексот. Фрчеа искри од страст меѓу двајцата. Мислев дека децата ќе бидат круна на нашата љубов. Меѓутоа, штом добивме дете, сè се промени. Таа потполно се сврте кон малечкиот. Јас бев тука единствено за да ѝ подавам, или, пак, купувам работи. Жена ми се запушти и здебели.

Повеќе не ѝ беше важно ни што ќе облече, ниту како изгледа. Веќе не ги имавме моментите резервирани само за нас. Жарта згасна. Можев да се разведам, ама не сакав поради детето. И што друго ми преостана, освен да го побарам настрана она што ми недостасуваше со неа?!“

mashki-surovi-odgovori-zoshto-ja-izneveruvam-soprugata-7.jpg

М. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg