Една работа која онлајн состанувањето ја уништи, а никој не ја предвиде

Огромен број луѓе во светот користат апликации за пронаоѓање на партнер, а овој тренд сè повеќе се прифаќа и во Македонија. Дали сте за или против?

edna-rabota-koja-onlajn-sostanuvanjeto-ja-unishti-a-nikoj-ne-ja-predvide-01.jpg

Онлајн состанувањето не ги уништи ниту среќните бракови, ниту способноста да се обврземе некому, но тие имаат еден неочекуван негативен ефект – луѓето многу полесно ги напуштаат врските што не ги исполнуваат.

Кога сте во среќна врска, тогаш не сте заинтересирани за други потенцијални партнери, иако тие се само на неколку кликови од вас, но кога врската не е совршена паѓате во замка да ги разгледате опциите.

edna-rabota-koja-onlajn-sostanuvanjeto-ja-unishti-a-nikoj-ne-ja-predvide-04.jpg

И можеби не би се осмелиле да појдете во кафуле или дискотека и да барате ново момче/девојка, но се убедувате себеси дека нема ништо лошо ако си поиграте со некоја апликација за состанување. И тогаш станува многу лесно да пронајдете некој нов и да кренете раце од својата врска.

Една од ваквите апликации е „Tinder“.

edna-rabota-koja-onlajn-sostanuvanjeto-ja-unishti-a-nikoj-ne-ja-predvide-02.png

Наместо да се обидувате да работите на својата врска, вие едноставно се фрлате на емоционална афера, кое има шанси да прерасне во нешто повеќе.

„Поголемиот дел од луѓето на интернет бараат долгорочна посветена врска дури и на апликации како Tinder“, вели експертот за врски Хелен Фишер.

edna-rabota-koja-onlajn-sostanuvanjeto-ja-unishti-a-nikoj-ne-ja-predvide-05.jpg

„Кога не се среќни во врската, лесно посегнуваат по некоја „онлајн авантура“. Taка што онлајн состанувањето ја уништи истрајноста на луѓето да работат на своите врски кога ќе дојдат периоди кога не е сè така совршено како што си замислувале, но од друга страна пак благодарение на тоа што онлајн го бараме токму тоа што го сакаме, можно е да видиме постабилни бракови во иднина“, додава Хелен.

Кој е вашиот став?

edna-rabota-koja-onlajn-sostanuvanjeto-ja-unishti-a-nikoj-ne-ja-predvide-03.png

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg