Детали кои мажот веднаш ги забележува на женските раце
Иако не се дел од телото што прво им паѓа во очи на мнозинството припадници од посилниот пол, тоа не значи дека не ги забележуваат или проучуваат одредени нешта на дланките.
Тие откриваат мноштво тајни за дамите, па не зачудува што додворувачите внимателно ги набљудуваат при првата средба, како би им откриле повеќе важни информации. А, по што најмногу трагаат?
Ова се деталите кои мажот веднаш ги забележува на женските раце:
1. Има ли накит на рацете?
Верувале или не, мажите на првата средба со жените го забележуваат накитот што тие го носат.
Поточно – дали имаат венчален прстен на раката. Бурмата на прстот ќе ги спречи едни додворувачи да продолжат со кокетирање, додека на други дури тогаш дамата ќе им стане предизвик.
Освен прстенот, гледаат и дали има уште некое парче накит на себе, како и од што е направено. Не за да ја проценат нејзината имотна состојба, туку да проникнат во карактерот на личноста.
2. Колку цврсто се ракува?
Жените не се единствените кои ја „одмеруваат“ силата на мажите на ваков начин. Истото важи и за спротивниот пол. Тие не очекуваат од дамите прецврсто да ги стиснат при поздравувањето.
Од друга страна, не го преферираат ни „млитавото“ ракување, бидејќи оддава впечаток на личност која е мрзоволна, незаинтересирана и без цели во животот. А, кому таква особа може да му биде интересна?
3. Дали рацете ѝ се женствени?
Мажите ги привлекуваат жени со тенки и елегантно обликувани прсти.
Па, кога дланките ќе им се допрат за првпат, тие потајно ја проценуваат големината и женственоста на нивните раце, така што ги споредуваат со сопствените.
4. Како ѝ изгледаат ноктите?
Мажите ќе им обрнат внимание и на женските нокти, но само ако забележат дека тие изгледаат поразлично од она што за нив е вообичаено.
Доколку ноктите на дамата се вештачки и долги, украсени со разни шари и циркони, односно лакирани со впечатлива и јака боја, дефинитивно ќе им паднат во очи. Нема да останат незабележани ниту изгрицканите и неуредни нокти.
Сите наведени детали ќе им дадат дополнителни информации за девојката што допрва ја запознаваат.
5. Која е нејзината возраст?
Вратот и рацете на жените никогаш не лажат за годините. Затоа мажите ќе им се посветат и на двата дела од телото.
Врз основа на еластичноста и влажноста на кожата, тие ќе направат проценка за возраста на дамата, како и колку труд вложува во грижата за себе.
М. А. | Црнобело