Најлошите совети за врски кои не треба да ги слушате
Зошто да сакате да го засрамите и обесхрабрите партнерот? На кои љубовни совети од пријателите треба да кажете СТОП?
Сите ние сме различни и затоа во светот постои море од карактери. Поинаку му пристапуваме на животот, имаме своите желби и очекувања од врската и сакаме таа да изгледа на одреден начин.
Па, така некогаш кога добивате совети за врската од пријателите не треба сите да ги слушате.
Некои од нив можеби се добронамерни, но дефинитивно се токсични за врската:
„Остави го веднаш, најди си некој подобар!“
Никој друг не може да знае што е најдобро за вас освен вие самите. Плус, штом сте со тој човек сигурно верувате дека вреди да се потрудите за работите да функционираат.
Понекогаш луѓето го кажуваат ова без размислување. Вие треба да не го слушате советот ако верувате дека со партнерот можно е да изградите здрава и убава врска.
„Не го слушај никогаш, покажи му кој е главен!“
Во ред е да сте самоуверени, но запомнете дека врската се гради на меѓусебна доверба, разбирање и компромиси. Па, така некогаш вие ќе го послушате него, некогаш тој вас.
Далеку од тоа дека треба да му дозволите да ве контролира, но дефинитивно треба да го цените неговото мислење ако сакате врската да трае.
„Кажи му дека сакаш да биде поромантичен!“
Секоја личност има свој начин на изразување на љубовта и секоја врска се развива на различен начин.
Тој може да ве сака најмногу на свет, но едноставно да не е тип на човек што постојано вели „те сакам“ и купува 101 роза, а има и такви кои изневеруваат, а се најромантични на свет. Така што романтиката не е мерило дали ве сака.
„Подобро е да молчиш, отколку да ги влошиш работите!“
Ова е најлошиот совет. Апсолутно не. Секогаш треба отворено да говорите за работите кои ви пречат во врската.
Едноставно не смеете да молчите и да играте улога на жртва. Никој не смее да ве гази, говорете јасно и гласно.
„Логирај се тајно на неговиот Фејсбук и провери му ги пораките!“
Само затоа што сте со години заедно не ви дава за право да ѕиркате во неговите приватни работи. Не смеете да се логирате на неговиот Фејсбук профил. Не смеете да му ги читате пораките.
„Потсети го дека не заработува доволно!“
Ова е одличен начин да предизвикате голем конфликт и да ја повредите неговата самодоверба. Зошто да сакате да го засрамите и обесхрабрите партнерот?
С. С. | Црнобело