Да продолжиш понатаму не значи дека веднаш треба да влезеш во нова врска
Постојат два типа на личности во светот - оние кои сакаат да ги надминат раскинувањата и оние кои лажат дека сакаат да ги надминат раскинувањата.
Секако, врските не се игра, а раскинувањата не се тајм-аути. Но, вистинската среќа доаѓа тогаш кога ќе престанете да се споредувате со другите и кога ќе се ослободите од сите личности од минатото и ќе продолжите по својот пат.
Традиционалната замисла за надминување на раскинатата врска е наоѓањето на ново момче или девојка пред поранешниот партнер да успее во тоа.
Никој не сака да биде личноста кога тагува, која јаде сладолед и плаче на романтични филмови, додека поранешниот партнер се „чекира“ со новата љубов на Фејсбук. Затоа и како мерка за надминување се зема и времето потребно за да се најде нов партнер.
Звучи едноставно, но не е здраво во ниту еден можен поглед.
Тајната во преболувањето не е непромисленото влегување од врска во врска, излегување на состаноци и секс за една ноќ.
Продолжувањето понатаму е начин да се врати животот во нормален колосек, а тоа не значи дека ви е потребна нова личност за тоа.
Кога ќе сфатите дека сте успеале да го средите животот, ќе ви биде јасно дека воопшто не требало да влегувате во непромислени врски, дури и ако бившиот партнер во меѓувреме стапи во брак и создаде семејство.
Вистинската единица мерка за продолжување понатаму е вашата способност да инвестирате во себе и во личниот развој, наместо во личноста која прва ќе се заинтересира за вас. Создадете живот кој целосно се раздвојува од заедничките навики со поранешниот партнер.
А, кога-тогаш, љубовта сама ќе дојде и ќе ве освои.
Е. Д. | Црнобело