6 прашања кои ќе ви откријат дали тој/таа е вистинскиот избор за вас

Ви се допадна личноста, а врската напредува подобро од која било друга претходно во животот. Затоа е и сосема нормално да се запрашате дали сте со вистинската личност.

6-prashanja-koi-kje-vi-otkrijat-dali-toj-ili-taa-e-vistinskiot-izbor-01.jpg

Иако веќе ви е сосема јасно дека сакате вашата врска да напредува, треба да си поставите уште неколку прашања самите себе за да бидете 100% сигурни во својот избор.

Дури и кога навистина сте вљубени во личноста, не занемарувајте ги следниве шест прашања:

1. „Дали знае што ми е најважно?“

Ако се знаете доволно долго, тогаш сигурно знае што ви е вам најважно. Но, доколку не сте сигурни во тоа, тогаш или не сте откриле или личноста тоа го заборавила, не трудејќи се да запомни.

Вашата вистинска сродна душа знае зошто се туширате 30 минути подолго од другите и зошто сакате да спиете на две перници и е свесна што е она што навистина ви е најважно за да бидете среќни.

2. „Дали моите блиски мислат дека не е за мене?“

Некои од вашите пријатели или членови на семејството може да бидат против оваа врска. Сте размислиле ли зошто? Во најголем број случаи тоа нема некоја посебна причина, но имајте ги предвид и оние пријатели кои се детектори за лоши луѓе.

Размислете од каде доаѓа противењето, дали од личности на кои им значите и кои ви сакаат сè најдобро, или оние кои само сакаат да ви биде лошо во животот како што им е нив.

6-prashanja-koi-kje-vi-otkrijat-dali-toj-ili-taa-e-vistinskiot-izbor-02.jpg

3. „Дали се откажувам од нешто важно за да бидам со неа/него?“

Ако врската ве „натерала“ да се откажете од тренинзите, курсевите, од дополнителната работа и други омилени активности, размислете уште еднаш.

Врските бараат жртви, но не по цена да изгубите сè што ви било важно во животот.

4. „Дали ми ја зборува вистината?“

Неколкупати го фативте партнерот во некоја ситна лага, која не беше нешто страшно, но не можете да не се прашате дали лаже и за поголеми нешта? Се чувствувате како да не можете да имате доверба.

Треба да размислите околу ова прашање, бидејќи токму довербата е една од најклучните кога е во прашање градењето стабилна врска. Доколку не сте сигурни дали ве лаже дури и кога со свои очи сведочите на нешто, тогаш можеби не треба да ги брзате нештата.

6-prashanja-koi-kje-vi-otkrijat-dali-toj-ili-taa-e-vistinskiot-izbor-03.jpg

5. „Дали јас сум навистина јас околу неа/него?“

Кога сте со својот партнер, тој треба да ве надополнува како личност, а не да ве менува. Доколку се чувствувате дека покрај неа/него не сте свои, тогаш преслушајте се од почеток.

Природна потреба на човекот е да сака да биде во врска, но не по цена во која го губи идентитетот и она што го прави да биде тоа што е.

6. „Внатрешниот глас ми вели дека направив лош избор“

Според досегашната пракса, внатрешниот инстинкт може веднаш да даде точна проценка, а мозокот да се мачи со месеци со истата. Иако нема реални знаци кои покажуваат дека партнерот е лош избор, слушајте што ви кажува вашиот внатрешен глас.

Да се биде сам е тешко, но не треба да се прават компромиси кога е во прашање вашето ментално здравје, стабилноста, безбедноста и достоинството. Кога-тогаш, ќе се појави вистинскиот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg