10 знаци дека треба да престанете да барате момче
Излегувате на состанок со маж само затоа што сметате дека не се оди сами на кино. Бојан, Марко, Игор им ги мешате дури и имињата.
Дали постојано комуницирате со припадници од спротивниот пол и често одите на состаноци?
Дали одново и одново се разочарувате што не можете да ја пронајдете својата втора половина?
Можеби е време за забавите малку.
Знаци дека треба привремено да ја прекинете вашата активна потрага:
Не сте заинтересирани
Додека тој ентузијастички зборува за нешто, вам ви е здодевно, нема дијалог и мачно ви е дури и да му одговарате на „глупавите“ прашања.
Одите на состаноци само за да ја избегнете осаменоста
Чудно ви е да одите сами на кино или во кафуле, па само затоа ја прифаќате понудата за состанок. Единствената причина е тоа да не ја минете вечерта сами.
Чувствувате одбивност кон мажите
Мислите дека сите мажи се исти, а на негативното гледиште кон нив ви влијаат искуствата од поранешните врски.
Постојано се жалите
На состанокот зборувате за тешката финансиска ситуација, здравствените проблеми, тешкотиите на работа, незадоволството од животот итн. Комуникацијата со вас е токсична.
Не можете да го заборавите поранешното момче
Иако раскинавте одамна, секое ново момче го споредувате со поранешното. Потсвесно барате слично момче и со тоа се соочувате со истите проблеми.