Како би ви изгледал брачниот живот ако ги слушате советите од оние кои „секогаш знаат сè“?

Брачниот живот не е воопшто лесен, посебно ако се водите по сите стереотипи и совети од оние што гледаат од страна и секогаш имаат што да кажат.

FotoJet.jpg

Луѓето се чудни и сакаат да се мешаат во сечиј живот, па често знаат да „солат“ памет и да даваат секакви совети, но и да судат.

Тие секогаш знаат сè, посебно кога сте мажена девојка, па мора да почитувате многу традиционални, но и чудни модерни правила, кои всушност некогаш може само да ви го уништат животот.

Секогаш е најдобро да живеете како што вие мислите дека е најдобро и како што најубаво се согласувате со партнерот, а да не се водите по сите стереотипи од општеството, бидејќи поважно е да го зачувате вашиот заеднички мир, наместо да чекате нечие одобрување.

Во продолжение, на саркастичен начин погледнете како би ви изгледал брачниот живот ако ги слушате најчестите совети од оние кои знаат сè:

1. Добрата жена не треба да мисли на себе, туку на домот, сопругот и децата. За себе мислат немажените...

kako-bi-vi-izgledal-brachniot-zhivot-ako-gi-slushate-sovetite-od-onie-koi-sekogash-znaat-se-02.jpg

2. Личниот простор е модерна измислица, целта на бракот не е да седите одвоено во различен ќош и да се срамите еден од друг...

kako-bi-vi-izgledal-brachniot-zhivot-ako-gi-slushate-sovetite-od-onie-koi-sekogash-znaat-se-03.jpg

3. Мажите се како деца – тие не можат да направат ништо сами. Задача на жената е да го обезбеди мажот со нега, грижа и љубов, како и да му биде водич, бидејќи тој ќе уништи сè.

kako-bi-vi-izgledal-brachniot-zhivot-ako-gi-slushate-sovetite-od-onie-koi-sekogash-znaat-se-04.jpg

4. Нема потреба да се консултирате за сè со мажот – правете како што мислите, тој е главата, но вие сте вратот.

kako-bi-vi-izgledal-brachniot-zhivot-ako-gi-slushate-sovetite-od-onie-koi-sekogash-znaat-se-05.jpg

5. Ако мажот не е дома, јавувајте му се почесто – дајте му до знаење дека не сте заборавиле на него, го сакате и се грижите, но и потсетете го дека го контролирате.

kako-bi-vi-izgledal-brachniot-zhivot-ako-gi-slushate-sovetite-od-onie-koi-sekogash-znaat-se-06.jpg

6. Што е тоа личен развој?! Каде ќе одите понатаму, мажени сте! Дајте им на оние што не стигнале да си најдат маж да се справуваат со овие бесмислици, личен развој...

kako-bi-vi-izgledal-brachniot-zhivot-ako-gi-slushate-sovetite-od-onie-koi-sekogash-znaat-se-07.jpg

7. Жената не е таа што треба да одмара попладне. Мора цело време да сте зафатени со нешто, за да се види дека во домот има домаќинка – така ќе ве ценат повеќе!

kako-bi-vi-izgledal-brachniot-zhivot-ako-gi-slushate-sovetite-od-onie-koi-sekogash-znaat-se-08.jpg

8. Оттргнете го сопругот од неговите другари, не е веќе дете, а тие може да му влијаат негативно. Што ќе му се пријатели на женет човек?!

kako-bi-vi-izgledal-brachniot-zhivot-ako-gi-slushate-sovetite-od-onie-koi-sekogash-znaat-se-09.jpg

9. Ако ве прашаат кога ќе имате деца, значи дека веќе доцните, што чекате?! Побрзајте, тик-так. Што?! Каква кариера?! Нормални ли сте?!

kako-bi-vi-izgledal-brachniot-zhivot-ako-gi-slushate-sovetite-od-onie-koi-sekogash-znaat-se-10.jpg

10. Развојот и едукацијата на децата треба да ви го пополнува цело слободно време – нивното и вашето. Каква мајка сте вие ако вашето дете не оди на танц и не зборува 3 јазици!??!

kako-bi-vi-izgledal-brachniot-zhivot-ako-gi-slushate-sovetite-od-onie-koi-sekogash-znaat-se-11.jpg

11. Ако сакате да му забраните нешто на детето, не се обидувајте да измислувате и објаснувате причини – само исплашете го, многу е полесно и поефективно.

kako-bi-vi-izgledal-brachniot-zhivot-ako-gi-slushate-sovetite-od-onie-koi-sekogash-znaat-se-12.jpg

12. Никогаш не ги фалете децата – тоа ги го спречи нивниот развој. Подобро е да развиете во нив натпреварувачки дух во нив, кажувајќи им го успехот на другите деца за да ги подготвите за животот.

kako-bi-vi-izgledal-brachniot-zhivot-ako-gi-slushate-sovetite-od-onie-koi-sekogash-znaat-se-13.jpg

13. Ако мислите дека сте добра мајка – погледнете наоколу, секогаш има некоја што си ја врши работата подобро од вас. Неисцрплив извор на инспирација – Инстаграм мајките!

kako-bi-vi-izgledal-brachniot-zhivot-ako-gi-slushate-sovetite-od-onie-koi-sekogash-znaat-se-14.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg