Јасни знаци по кои ќе препознаете дека партнерот не е вашата сродна душа
Животот е прекраток за да губите време со некој за кого сте свесни дека не е вашата сродна душа, но и за да поминете многу години сингл затоа што не сакате да дадете шанса.
Ако запознавте личност која ви се допаѓа, но сепак нешто не ви дава да бидете целосно свои, време е да се преслушате себе и добро да размислите што понатаму.
Општа дефиниција за сродна душа нема, туку тоа е нешто што самите го знаете и чувствувате.
Прашање е само дали оваа личност со која сте моментално е во склад со вашите сфаќања и критериуми за тоа.
Ако не сте сигурни, проверете дали постојат овие знаци, кои покажуваат дека сепак, не сте еден за друг:
Не сакате исти нешта
Нормално е во одредени точки да сте различни, но ако во секој можен аспект се „разминувате“, тогаш и нема многу надеж дека нештата ќе се сменат на подобро.
Не ви недостига кога го/ја нема
Еден од најјасните знаци дека не сте еден за друг е ако не ви недостигаат кога не се покрај вас или уште повеќе, ако ви е подобро без својот партнер во близина.
Со него/неа, не сте најдобрата верзија од себе
Се кочите себе во многу амбиции и едноставно, станувате личноста која вашиот партнер сака да бидете, а не онаа која реално сте.
Немате никаква доверба во нив
За многу нешта не се чувствувате слободни да ги споделите со вашиот партнер, но и не му верувате многу за она што го прави во своето слободно време.
Давате повеќе отколку што добивате
Сосема е нормално едниот да дава малку повеќе, но сепак да постои мала отстапка од балансот. Кога давањето натежнува повеќе на вашата страна, треба да ви биде јасно дека партнерот не е склон кон компромиси за вас.
Имате различни идеи за врската
Кога сакате да се договорите за нешто, најчесто е по желба на партнерот бидејќи вие знаете да склучите договор, а тие знаат само да бидат задоволена страна. Тоа воопшто не е здрав пристап.
Сакате да бидете со некој друг
Ако запознавте прекрасна личност поради која би ја раскинале врската, но останувате во име на долгото време и минатото, тогаш треба да ја раскинете врската. Да било сè убаво, немало да дојде до момент вие да забележите некој друг.
Е. Д. | Црнобело