Кога е идеално време за нова љубов?
Зад себе имате лошо искуство и сте сфатиле дека љубовта во која сте верувале била само една обична илузија, сте сфатиле дека во врската сте биле сами и сте си ветиле сами на себе дека следниот пат „добро ќе ти ги отворите очите“?
Дали навистина само еднаш вистински се сака и дали е можно повторно да стекнете верба во љубовта? Колку време е потребно да помине за повторно да влезете во нова врска?
Во продолжение ќе прочитате неколку фактори кои влијаат врз вистинското време за ново поглавје од вашиот живот наречено романса:
Разумот и чувствата
Важно е своите чувства да не ги потиснувате и да не си префрлувате себеси. Земете си доволно време да го преболите вашиот поранешен партнер и сето она што ви се случило, а исто така прифатете го и спектарот од емоции кои се јавува по раскинувањето.
Различен степен на психолошкиот развој кај партнерот, како причина за разделба
Со текот на времето не само што се развиваат партнерите поединечно, туку расте и нивната врска. Постојат случаи каде само едниот партнер работи на себе и психолошки се развива, а додека, пак, другиот да останува незрела личност, што во суштина е една од најчестите причини за разделба помеѓу партнерите.
„Оставените“ тешко се одлучуваат за нова врска
Оние кои ја прекинале врската се во предност бидејќи пред разделбата имале доволно време за детална анализа, па полесно го затвориле тоа животно поглавје. За разлика од оставените, на кои често им се нејасни причините за разделба, потешко се одлучуваат за нова врска поради намалената самодоверба, склони се кон претерана анализа, полни се со надеж дека повторно ќе бидат заедно, или пак, смислуваат како ќе му се осветат на својот поранешен партнер, си префрлуваат себеси што на време не ги воочиле знаците дека нешто не е во ред итн.
Нови избори
Разводот тешко се доживува особено кога во прашање се децата. Тие не само што ги поврзуваат поранешните сопружници во текот на целиот живот, но исто така поради нив е потешко да се вклопат повеќе семејства и различни партнери. Немојте да се залажувате себеси дека сте за површни контакти како што се „комбинациите“.
Дајте си малку време сами на себе додека не ја откриете личноста со која што навистина би можеле да бидете.
Работете на себе
Ситуацијата дополнително се комплицира кога имате деца затоа што тие се надеваат дека нивните родители кога-тогаш повторно ќе се смират, што на сите дополнително им ја отежнува ситуацијата. Чувствувањето вина за нивното украдено нормално детство може да доведе до откажување од новиот живот и занемарување на сопствените емоционални потреби.
Изборот во раната младост и зрелите години не се исти
Кога ќе се поврзете сами со себе на еден нов и сосема поинаков начин, со помош на психотерапија и работа на себе, ќе почнете да правите многу позрели избори кога во прашање е вашиот иден партнер. Младешката занесеност ќе ја замените со позрело и посериозно размислување, а со прифаќањето на самите себе полесно ќе ги прифаќате и другите.
Немојте да си префрлувате поради претходните избори, бидејќи сето тоа имало свое значење и улога во одредена животна фаза.
Бидете отворени за нови искуства
Не постои универзално правило за тоа колку време ќе ви треба после разводот, важно е да бидете во контакт со себеси, да си ги преиспитате своите емоции и желби, да се запознаете себеси уште подобро, па потоа да запознаете некоја нова значајна личност. Влегувањето од врска во врска и преклопувањето на врските никако не се препорачуваат, бидејќи на тој начин само бегате од самотијата и се оддалечувате од себе.
Колку време е потребно да се преболи бившиот партнер?
Многумина се обиделе да дојдат до магичната формула за тоа колку е потребно да се преболи поранешниот партнер, а најчесто се спомнува дека преболувањето трае дупло помалку време од должината на врската што сте ја имале, што е апсолутно неточно.
Најдобро е да си дадете сами на себе време за да ја затворите приказната и да излезете од неа, бидејќи само на тој начин таа веќе нема да се враќа во вашиот живот и нема да се пресликува во вашите наредни врски.
М. П. | Црнобело / Фото: depositphotos.com