6 знаци дека вашето момче ќе биде совршен сопруг

Уште од самиот старт чувствувате како да се знаете 100 години, а тој ве сака таква каква што сте, за него не сте проект како за другите.

6-znaci-deka-vasheto-momche-kje-bide-sovrshen-soprug-01.jpg

Тажната вистина е дека на поголемиот дел од врските ќе им дојде крајот. Неретко, иако се надеваме дека ќе заврши со брак, не испаѓа така.

Мора да најдете личност која е вистинската за вас на повеќе нивоа за навистина да ѝ се обврзете за цел живот.

Знаци дека вашето момче ќе биде совршен сопруг:

1. Помеѓу вас има длабока поврзаност и тоа не е само онаа краткотрајна искра на страст. Уште од старт како да се знаевте со години и се разбиравте како со никој друг.

2. Тој знае да прости и да заборави. Свесен е дека грешките се дел од врската и и по најголемите драми повторно ве сака.

3. Секогаш е добар со вас и со него се чувствувате сигурно. Дури и во лошите ситуации го гледа светлото за вас двајца и прави да се чувствувате среќно.

6-znaci-deka-vasheto-momche-kje-bide-sovrshen-soprug-02.jpg

4. Му верувате комплетно и не ви дава причини за да се сомневате во него. И тој има исто така комплетна доверба во вас.

5. Посветен е на вашата љубов и дури и кога е тешко не се откажува. Во вас гледа прекрасна интелигентна жена за која вреди да се потруди.

6. Тоа што сте е тоа што го сака тој и не се обидува да ве промени. Со причина се вљубил во вас и за него не сте проект, не ни сонува да ве претвори во нешто што не сте.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg