Што мислат мажите кога жените не им одговараат на пораките и повиците?

Сметавте дека припадничките на понежниот пол се единствените кои драматизираат, ако фраерот не им се јави после средбата, или, пак, не им возврати на пораката? Се лажете. Непријатно им е и на ним.

shto-mislat-mazhite-koga-zhenite-ne-im-odgovaraat-na-porakite-i-povicite-1.png

На мажите кои ќе се најдат во таква ситуација, исто така им се мотаат секакви мисли низ главата. Вообичаено се слични на оние за кои размислуваат и жените.

Според магазинот Cosmopolitan, девојките секогаш треба да ги имаат на ум, за да никогаш не му приредат вакво нешто на дечкото што навистина им се допаѓа.

shto-mislat-mazhite-koga-zhenite-ne-im-odgovaraat-na-porakite-i-povicite-2.gif

Еве што мислат мажите кога жените не им одговараат на пораките и повиците:

1. „Дали е ова некоја игра?“

Мажот честопати ќе помисли дека жената го тестира, така што не се јавува, односно проверува колку навистина му се допаѓа, очекувајќи дека тој би требало уште повеќе да се потруди околу неа.

Ако таа реално тоа го прави, тогаш мора да знае и дека на многумина од нив таквите игри не им се омилени. Напротив. Ги презираат и набрзо губат секаков интерес за понатамошна комуникација.

shto-mislat-mazhite-koga-zhenite-ne-im-odgovaraat-na-porakite-i-povicite-3.gif

2. „Можеби го изгубила телефонот!?“

Ова сигурно им проаѓа низ главата и на девојките, доколку фраерот што им се допаѓа не им се јавил со денови. А, потоа веројатно се прашуваат дали воопшто им го дал својот вистински број.

Истиот тек на мисли го имаат и мажите, кога жените не им одговараат на пораките или повиците.

shto-mislat-mazhite-koga-zhenite-ne-im-odgovaraat-na-porakite-i-povicite-6.gif

3. „Можеби направив нешто погрешно на првата средба.“

И мажите, баш како и жените, после првиот состанок со личноста што им се допаѓа, имаат навика да го премотуваат филмот во глава. Обично се прашуваат дали направиле нешто со кое ја одбиле девојката и поради што не сака повеќе да ги види. 

shto-mislat-mazhite-koga-zhenite-ne-im-odgovaraat-na-porakite-i-povicite-4.gif

4. „Не знам зошто не се јавува и не ми е гајле.“

Постојат мажи кои ова едноставно ќе го доживеат како губиток за жената. 

shto-mislat-mazhite-koga-zhenite-ne-im-odgovaraat-na-porakite-i-povicite-6 (2).gif

5. „Дали се заљубив во неа?“

По целодневното исчекување на нејзиниот повик или порака, мноштво мажи ќе се запрашаат дали тоа е всушност знак дека се вљубиле во жената. 

shto-mislat-mazhite-koga-zhenite-ne-im-odgovaraat-na-porakite-i-povicite-7.gif

6. „Не можам веќе да издржам, пак ќе ѝ се јавам!“

Доколку со нејавување девојката навистина го тестира фраерот дали е загреан за неa, тогаш трикот би можел и да ѝ запали кај него.

shto-mislat-mazhite-koga-zhenite-ne-im-odgovaraat-na-porakite-i-povicite-8.gif

7. „Фала ти, следна!“

ОК, може нема баш на памет да му паднат стиховите од песната на Аријана Гранде, ама многу мажи ќе го доживеат нејавувањето од жената како одбивање. Па, нема повеќе да се трудат околу неа, туку ќе продолжат понатаму.

shto-mislat-mazhite-koga-zhenite-ne-im-odgovaraat-na-porakite-i-povicite-9.gif

M. A. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg