Која е причината број 1 за проблемите во сексуалниот живот во бракот?
Факторот број 1, покрај на низа други аспекти од нашиот живот, ни влијае крајно негативно и врз сексот.
Голем е бројот на брачни парови кои се жалат дека имаат проблеми со сексуалниот живот и дека ретко имаат секс. Но, кои се причините?
Во едно британско истражување беа испитани 2.066 луѓе отворено да говорат што е тоа што им предизвикува проблеми во спалната соба.
Резултатите од истражувањето покажаа кои фактори негативно влијаат врз сексуалниот живот:
Стрес – 45%
Проблеми со физичкото здравје – 32%
Проблеми со менталното здравје – 26%
Деца – 20%
Работа – 18%
Порнографија – 12%
Социјални мрежи – 10%
Други членови на семејството – 10%
Ријалити шоуа – 7%
Пријатели – 5%
Половина од испитаниците се мажи, а половина се жени и овие фактори влијаат кај двата пола. На прво место е стресот.
С. С. | Црнобело