Главните причини зошто не го преболувате поранешниот партнер, иако ве повреди

Немавте заокружување на работите, односно не сфативте што доведе до разделбата, ве мачи чувството на беспомошност затоа што немате моќ да промените нешто.

12-prichini-zoshto-ne-go-preboluvate-poraneshniot-partner-iako-ve-povredi-01.jpg

Да се преболи значајна врска е навистина тешко. Разделбата боли многу, особено ако не била ваша одлука.

Зошто ви е тешко да го преболите поранешниот партнер?

1. Осамени сте и сè уште не се фокусирате на себе и на работите кои ве прават среќни.

2. Го демнете на социјалните мрежи, наместо да го избришете и блокирате веднаш.

3. Ја изгубивте самодовербата за време на врската и заборавивте дека сте прекрасна личност.

12-prichini-zoshto-ne-go-preboluvate-poraneshniot-partner-iako-ve-povredi-03.jpg

4. Ги паметите само добрите мигови со него/неа, а заборавате на сите кавги и солзи.

5. Не научивте да пуштите и не сфативте дека секој прави грешки и тие треба да останат во минатото.

6. Човек сте, па сте социјално суштество на кое му е тешко да се откаже од луѓето кои му биле сè, дури и кога се погрешни.

12-prichini-zoshto-ne-go-preboluvate-poraneshniot-partner-iako-ve-povredi-05.jpg

7. Се плашите да бидете сами.

8. Немавте заокружување на работите, односно не сфативте што доведе до разделбата, ве мачи чувството на беспомошност затоа што немате моќ да промените нешто.

9. Не можете да престанете да си ја премотувате ситуацијата во глава за да најдете решение и се чувствувате како жртва.

12-prichini-zoshto-ne-go-preboluvate-poraneshniot-partner-iako-ve-povredi-02.jpg

10. Тонете во каење за сите грешки што сте ги направиле и си го мачите умот.

11. Се држите со сеќавањето на поранешниот партнер затоа што тоа ви е нешто познато и блиско и се плашите од средбите со нови луѓе.

12. Сè уште сте во контакт, се трудите да останете пријатели и не си поставувате здрави граници.

12-prichini-zoshto-ne-go-preboluvate-poraneshniot-partner-iako-ve-povredi-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg