Говорот на телото не лаже: 9 јасни знаци дека му се допаѓате

Што прави кога е со вас? Дали длабоко вдишува – што значи тоа? Зошто си ги лиже усните? Изгледа има нешто...

govorot-na-teloto-ne-lazhe-9-jasni-znaci-deka-mu-se-dopagjate-01.jpg

Луѓето не секогаш ги изразуваат своите емоции со зборови, па така говорот на телото понекогаш кажува многу повеќе.

Знаци кои покажуваат дека на одредена личност ѝ се допаѓате:

Зениците му се проширени

Се разбира, освен ако не седите во комплетна темнина.

Веѓите му се подигнати

Мажите ги отвораат ширум очите кога сакаат убаво да видат некого и со внимание да го следат секој негов збор. Истовремено ги креваат и веѓите.

Се смее, отворајќи ја многу вилицата

Ова се случува многу ретко, но се смета за доказ за вистинска среќа.

govorot-na-teloto-ne-lazhe-9-jasni-znaci-deka-mu-se-dopagjate-03.jpg

Се смее со цело лице

Му се појавуваат брчки околу очите, брадата му е подигната, а самите очи му зрачат.

Си ги лиже усните

Кога на некоја личност ѝ се допаѓа некој во нејзината уста се лачи мала количина на плунка и има недостиг од неа.

Ве гледа во лицето, не во очите

Му се допаѓаат вашите фацијални карактеристики, плус во денешно време е достигнување што не зјапа во телефонот.

govorot-na-teloto-ne-lazhe-9-jasni-znaci-deka-mu-se-dopagjate-02.jpg

Длабоко вдишува кога  гледа во вас

Да, секому му е потребен воздух, но ако длабоко вдишува тој потсвесно сака да изгледа пошироко во рамениците.

Се приближува до вас кога ви зборува

Иако добро го слушате, тој сака да биде што поблиску до вас.

Си го допира коленото и косата позади увото

Ги проверува вашите граници, проверува како вие реагирате на него и покажува заинтересираност.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg