17 типови на мажи кои секоја жена ги сретнала барем еднаш во животот
Некои мажи се како брза храна – зависни сте од нив, а потоа имате грижа на совест. Други се како кафе – силни, жешки и не ви даваат да спиете.
Посилниот пол секогаш е под лупата на жените. И постојат најразлични типови на мажи.
Од привлечни кои ви создаваат зависност до корисни кои не ви е слатко да ги консумирате...
Мажите претставени преку разни видови на храна:
Мажот Брза храна
Врската е нестабилна и на туркање и по секоја средба чувствувате грижа на совест.
Мажот Сончоглед
Генерално не е интересна опција, но штом еднаш почнете со него, не можете да запрете.
Мажот Школка
Средбата со него не ви носи големо задоволство, но изгледа навистина добро и сакате да се појавите со него во јавност.
Мажот Зелен чај
Секогаш знае сè, го планира својот живот, но и вашиот, разбирате дека е корисен, но не ви е сладок секој ден.
Мажот Пржени компирчиња
Тој ви е пријател од детството, па без разлика кога и да се појави, секогаш е добредојден.
Мажот Кроасан
Потребно ви е долго време со него за да дојдете до главното и понекогаш знае да испадне комплетно празен.
Мажот Сладолед
Привлечен е, иако е многу студен, но штом почне да покажува симпатија и внимание, станува неинтересен.
Мажот Пица
Секогаш доаѓа брзо кога ќе стане неопходен, но не се јавува прв за да не биде нападен.
Мажот Хот дог
Има уникатна привлечност, но ако погледнете подобро не нуди ништо специјално.