Колкава бројка на партнери ве прави личност со сомнителен морал во туѓите очи?
Ако имате спиено со одредена цифра на љубовници во минатото, другите луѓе веројатно ќе помислат дека сте промискуитетна личност во сегашноста. Што откриваат последните истражувања на оваа тема?
Интернет порталот „Superdrug Online Doctor“, направи опсежна анализа на примерок од 2000 испитаници, истражувајќи ги нивните навики и ставови кога е интимата во прашање. Фокусот бил на тоа колку се луѓето отворени за своите сексуални искуства и партнери, односно како според истите им судат другите индивидуи.
Резултатите покажуваат дека 17.5 проценти од мажите лажат за бројот на сексуални партнерки, така што даваат повисока цифра од реалната. Истото го прават само 8.2 проценти од припадничките на понежниот пол.
Од друга страна, 18.6 проценти од жените признале дека во разговорите ја намалуваат бројката на партнери со кои биле интимни. Кога станува збор за припадниците од посилниот пол, 13.7 проценти од нив лажат на ваков начин. Подоцна, на испитаниците им било поставено следното прашање.
После колкава бројка на сексуални партнери, личноста станува промискуитетна? Мажите одговориле дека особата ја доживуваат како личност со сомнителен морал, доколку таа имала 14 или повеќе љубовници во минатото. За жените, пак, цифрата е поголема за плус еден.
А, со колку партнери по нивно мислење спие претерано конзервативна личност? Просечниот одговор на женските испитанички е 1.9, а според мажите, цифрата е 2.3. Во превод - од еден до двајца. Што се однесува до идеалниот број на љубовници, пак, постои сложност меѓу двата пола.
Одговорот на жените во просек изнесува 7.5, додека на машките испитаници е 7.6. Ова би значело од 7 до 8 различни партнери. А, запрашани колкав е реално бројот на љубовници што тие ги имале во животот, мнозинството од жените одговориле со 7, а статистиката за припадниците од посилниот пол e нешто пониска – 6.4.
Имате ли ваш став на оваа тема? Споделете го со нас во коментари.
M. A. | Црнобело