5 причини зошто постојано привлекувате погрешни момци

Колку и да се трудите, ви се чини дека едноставно, сте магнет за погрешни момци. А, тие пак, лесно се лепат за вас.

5-prichini-zoshto-postojano-privlekuvate-pogreshni-momci-01.jpg

Сигурно и сте се запрашале што е тоа што ги привлекува? Како успевате да намамите само таков вид луѓе околу себе, па дури и кога се работи за пријатели.

Постојат неколку претпоставки зошто е тоа така:

Имате ниска самодоверба

Тие забележуваат дека всушност вие не сакате, па така не чувствуваат потреба ниту тие да возвраќаат. Доколку не се цените онака како што треба, ќе привлекувате токсични и несигурни момци.

5-prichini-zoshto-postojano-privlekuvate-pogreshni-momci-03.jpg

Предобри сте

Оваа ваша карактеристика лесно може да биде злоупотребена. Вие сте љубезни, имате разбирање, така и ќе се однесувате, а тоа ќе му остави доволно простор и понатаму да биде лоша личност.

Премногу сочувствувате

Токсичните момци умеат да ја најдат својата совршена жртва токму во сочувствителните девојки, бидејќи тие трпеливо ќе ги слушаат сите негови проблеми. Вашата емпатија ќе ве тера да сакате да помогнете, но веројатно на оваа личност ѝ е потребен друг вид на помош.

5-prichini-zoshto-postojano-privlekuvate-pogreshni-momci-02.jpg

Сакате да ги „поправате“ другите

Вие верувате дека љубовта поместува планини и ги прави луѓето подобри. Исто така, сте сигурни дека вашата љубов може да смени некого и позитивно да влијае врз него. Погодете што? Тоа никогаш нема да се случи, а вие можете да изгубите скапоцено време и нерви додека да сфатите.

Разочарани сте во љубовта

Ако еднаш сте биле повредени и срцето ви било скршено, станувате одлична цел на токсичните момци. Тие мислат дека е лесно да се искористи личност чија перцепција за љубовта е искривена во моментот и дека лесно може да „падне“ во нивната мрежа, поради ранливоста.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg