Прашања што треба да ги поставите кога вашиот партнер е пријател со бившите

Пријателствата со поранешните партнери не се многу пријатна тема, особено ако штотуку сте започнале нова врска.

prashanja-shto-treba-da-gi-postavite-koga-vashiot-partner-e-prijatel-so-bivshite-01.jpg

Сепак, постојат многу реални ситуации во кои поранешните партнери останале пријатели и навистина не се ништо повеќе од тоа. Но, на новиот партнер тоа му е трн во око.

Ако сте во ситуација во која вашите момче или девојка одржуваат пријателски однос, сигурно имате многу прашања. Затоа, треба внимателно да изберете кои ќе им ги поставите.

Овие се неколку од најважните:

1. Знае ли твојот/твојата бивш/а за мене?

Одговорот на ова прашање ќе ја разјасни секоја нејасна ситуација. Одречниот одговор може да внесе голем сомнеж и потребно е да ги знаете причините за тоа.

prashanja-shto-treba-da-gi-postavite-koga-vashiot-partner-e-prijatel-so-bivshite-02.jpg

2. Кој на кого раскина?

Ова прашање нема да ја раскаже целата приказна, но ќе ви помогне да имате појасна слика за нивниот однос. Најчесто оној кој раскинува е и оној кој полесно продолжува, иако и од ова непишано правило има исклучоци.

3. Дали твојот/твојата бивш/а чувствува нешто кон тебе?

Секогаш е добро да знаете дали постојат и други чувства, освен пријателство, макар и кога тоа е еднострано. Можеби вашиот партнер не сака да се врати, но ако има чувства од другата страна, сосема е нормално да се сомневате во пријателските намери.

prashanja-shto-treba-da-gi-postavite-koga-vashiot-partner-e-prijatel-so-bivshite-03.jpg

4. Имаш ли некаква корист од тоа пријателство?

Ако решите да го поставите ова прашање, внимавајте тонот да не ви биде премногу арогантен и обвинувачки. Само на тој начин можете да ја дознаете реалната причина за постоењето на тоа пријателство.

5. Може ли да го/ја запознаам?

Внимавајте! Ова прашање го поставувате само доколку сте сигурни дека навистина го сакате тоа. Од друга страна, ако односот е чисто пријателски, ниту вашиот партнер, ниту неговиот поранешен партнер, ќе имаат проблем со ваквото запознавање.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg