10 работи кои мажите ги премолчуваат во врската

Искреноста е клуч за долговечна врска. Сепак, постојат одредени теми и ситуации, кога не е така лесно да се каже вистината. Па, колку и да ги љубат своите партнерки, припадниците на посилниот пол најчесто не го прават тоа.

10-raboti-koi-mazhite-gi-premolchuvaat-vo-vrskata-1.png

Ова се десетте работи кои мажите ги премолчуваат во врската:

1. Мислење за нејзиниот изглед

Станува збор за мошне чувствителна тема, особено денес, кога социјалните мрежи диктираат сѐ поригорозни стандарди за убавина.

Мажот има очи, ама не и смелост на девојка си да ѝ каже дека типката што ја следи на Инстаграм, сепак изгледа подобро од неа.

Ако, пак, забележи дека накачила некое килце повеќе, веројатно исто така нема да приговара, знаејќи дека ќе ја навреди својата понежна половина.

10-raboti-koi-mazhite-gi-premolchuvaat-vo-vrskata-2.jpg

2. Семејни проблеми

Оваа точка во принцип се однесува на нешто посвежите врски. Мажите многу потешко се отвараат одошто жените.

Честопати, ним гордоста не им допушта да се постават во ранлива позиција.

3. Проблем со самодовербата

Мажите, баш како и жените, имаат свои слабости и несигурности.

За разлика од припадничките на понежниот пол, кои неретко отворено говорат за нив, партнерите одбираат да ги задржат за себе.

10-raboti-koi-mazhite-gi-premolchuvaat-vo-vrskata-3.jpg

4. Неверства и прекин со бившата

Поради веќе споменатата машка гордост, партнерот веројатно нема да признае дека поранешната девојка го изневерила, или, пак, таа му раскинала.

5. Симпатизирање на нејзина другарка

Можеби ќе му се допадне изгледот, или, пак, карактерот на некоја од другарките на неговата партнерка.

Од очигледни причини, симпатиите мажот воглавно ги задржува за себе.

10-raboti-koi-mazhite-gi-premolchuvaat-vo-vrskata-4.jpg

6. Сексуални фетиши

И ова вообичаено се однесува на новопечените врски.

Штом ќе стекне доверба во партнерката, порано или подоцна, мажот ќе ѝ ги открие своите валкани фантазии во сексот.

7. Мислење на блиските за неа

Доколку таа не му се допаѓа на некого од пријателите, или, пак, член од семејството, мажот сигурно нема веднаш да ѝ пренесе.

Ќе премолчи, како поради саканата, така и поради блиската личност, затоа што не сака да создаде непријатна ситуација.

10-raboti-koi-mazhite-gi-premolchuvaat-vo-vrskata-5.jpg

8. Лозинки

А, кој и не би ги премолчал? Толкава доза на приватност му е потребна на секого.

9. Трауми од детството

Ако во детството доживеал нешто болно или вознемирувачко, тој ќе сака на било кој начин да го потисне и задржи за себе.

Па, кога девојката ќе дознае што му се случило, или, пак, можеби се сомнева, подобро е да не инсистира на отворање на болните рани.

10-raboti-koi-mazhite-gi-premolchuvaat-vo-vrskata-6.jpg

10. Пријателки

Мноштво луѓе сметаат дека не постои машко-женско пријателство.

Од тие причини, за да не предизвика љубомора, големи се шансите дека мажот ќе си молчи за другарките или колешките, со кои сака да испие кафе или пиво после работа.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg