Силните жени не се задоволуваат без 10 основни работи во врската
Дали останувате во врска по секоја цена? Или поважно ви е да бидете среќни отколку да бидете вљубени?
Некои жените прават компромиси, но силните жени не прават и не се задоволуваат ако не го добијат во врската тоа што го сакаат.
Работи без кои силните жени не се задоволуваат:
- Да бидат почитувани и покрај сè и нивните мислења, ставови, интереси да бидат земени предвид.
- Да имаат партнер кој знае што е вистинска интимност, интимност на душите, а не само на телата.
- Да имаат слобода и независност, а не мажот да биде центар на нивниот универзум.
- Да имаат партнер кој им дозволува да бидат тоа што се, а не постојано да се труди да ги промени.
- Да имаат константна и ефикасна комуникација и да бидат слушнати.
- Да имаат безрезервна доверба и партнерот да верува дека тие може сами да се справат со одредени работи.
- Да имаат маж кој им е еднаков, а не се обидува да доминира и владее со нив.
- Да имаат партнер кој ги сака со вистинска страст на духот, а не да бидат дел од безенергична врска.
- Да имаат партнер кој вложува во врската, им пишува, им се јавува, има време за нив и прави планови.
- Да имаат лојалност и посветеност, без да молат за истата.
С. С. | Црнобело