Луди нешта кои мажите ги очекуваат од жените
Што навистина сакаат мажите од жените? Судејќи по личните искуства на дел од девојките, желбите на момците се неретко контрадикторни.
Има фраери кои не умеат сами со себе да расчистат што всушност им треба во врската, па од партнерките бараат потполно нереални работи. А, нивните понежни половини остануваат со прашалници во главата.
Повеќе жени си ја отворија душата на оваа тема, искрено говорејќи за неразумните желби, односно високите критериуми кои мажите би сакале да им ги задоволат. И се сосема противречни.
Вака тие ги дефинираа лудите нешта кои се очекуваат од нив:
„Сака да јадам сѐ, а да имам тело како топ модел.“
„Знам дека му причинува мерак кога заедно уживаме со калорични закуски. Но, јас такво нешто смеам да каснам само повремено. Во спротивно – сѐ ќе ми „отиде“ каде што не треба. Не сум тип на жена која може сѐ да јаде, а да не се здебели.“
„Сака да сум светица и грешница.“
„Полудев кога дознав дека тој девојките ги дели на две групи. Првите се исклучиво за забава, додека вторите ги води кај мајка си на ручек. Притоа, бара партнерка која ќе биде и едно и друго. Не разбирам?!“
„Сака да изгледам природно и секси во исто време.“
„Постојат жени кои и без тронка шминка, или, пак, во најобична маичка може да изгледаат занесно. Признавам, јас не сум една од нив. Се чувствувам поубаво и посамоуверено кога ќе се дотерам. Природниот и секси изглед, без ни малку труд, мене не ми е баш реално очекување.“
„Сака везден да го барам, па ми префрла дека го гушам.“
„Партнерот ми вели дека треба постојано да му покажувам колку ми значи или фали. Меѓутоа, не смее да претерам со повиците или пораките. Ни премалку – ни премногу. Со него никогаш не сум на чисто колкаво внимание е доволно.“
„Сака да се дружам со неговите пријатели, но не и да имам свои.“
„Дечко ми не може да се помири со фактот дека тој не е единствената машка фигура во мојот живот. Не сака да имам пријатели од спротивниот пол. Од друга страна, очекува јас одлично да се согласувам со сите негови другари.“
„Сака да бидам независна, а да сум зависна од него.“
„Сопругот настојува да биде главен во домот. Сѐ мора да биде под негова контрола. А, ми се лути кога ќе го викнам да поправи нешто во кујната.“
„Сака да бидам спремна за сериозна врска, ама не и загреана за брак.“
„Долгата врска е прифатлива. Меѓутоа, не смее да посакувам брак по секоја цена. Штом се спомне зборот „свадба“, него го фаќа паника. Значи, сака сериозна, но не и пресериозна врска? Кој може да ги разбере мажите?!“
М. А.| Црнобело