Прашања и коментари кои не треба да ги упатите кон вашата сингл-другарка
Да, љубовта и врските се прекрасни, особено чувството дека сте сакани. Но, треба да знаете и дека на некои луѓе тоа не им е потребно за среќа.
Уште не е познато зошто сингл-животот или изборот некоја жена да не се омажи се кажуваат во негативна и дискриминирачка конотација, особено поради тоа што луѓето тоа го кажуваат несвесно. Тоа што вие сте во среќна врска и сте задоволни со својот избор, не значи дека и истото ќе важи за вашата другарка.
Поради тоа, обидете се да не го дискриминирате нејзиниот соло-статус и избегнувајте ги следниве коментари, прашања и предлози:
1. Ќе ти договорам средба со мој сингл колега/братучед/пријател на мојот дечко
Дури и кога имате најдобра намера, запрашајте се дали вашата другарка го побарала тоа од вас. Не ја доведувајте во ситуација од пристојност да се сретне со некого кого инаку не би го ни погледнала.
2. Не грижи се, ќе ја пронајдеш и ти својата сродна душа
Почитувајте го нејзиниот избор во овој момент да биде сама, а кога ќе биде во состојба и расположение, самата ќе одреди дали е спремна да почне нова врска.
3. Не ми се допаѓаше твојот бивш партнер
Овој коментар зачувајте го кога со врската дефинитивно ќе биде готово, но избегнувајте го ако постои дури и минимална шанса да се смират.
4. Ти отчукува биолошкиот часовник
Оваа тема не е за пред никого, бидејќи не знаете дали можеби некој лечи неплодност, има гинеколошки проблеми, не сака да има деца или пак ги планира за поодминати години. Имајте на ум дека со медицински потпомогнатото забременување, жените може да имаат здрава бременост и да родат деца дури и по 40-тата година.
5. Како тоа уште си сингл, не ми е јасно...
Иако од една страна ѝ укажувате дека е убава и привлечна личност и не ви се верува како нема толпа мажи околу неа, ја доведувате во ситуација да се правда зошто не е во врска.
Е. Д. | Црнобело