5 нешта што им се важни на момците за девојката во која се вљубени

Пред сè, најважно е да се напомене дека и мажите и жените најмногу ја ценат индивидуалноста и уникатноста на личноста за која се заинтересирани и не поднесуваат глума.

5-neshta-shto-im-se-vazhni-na-momcite-za-devojkata-vo-koja-se-vljubeni-01.jpg

Љубовта и врската бараат одредени промени и прилагодувања, но и компромиси од двете страни. Секако, не постои проверен рецепт како на некого да му се допаднете, но на некои нешта мора да внимаваат и момците и девојките.

Што се однесува до машката страна во врската, тие ги ценат следниве пет квалитети:

1. Прифатете ги такви какви што се и дајте им до знаење дека го цените нивното присуство

Прифаќањето и еднаквоста им се многу важни. Тие сакаат да знаат дека девојката се грижи за нив и дека е подготвена да ги пушти во својот живот. Не сакаат вие да глумите, но не им се допаѓа ни тие да бидат нешто што не се, само за да ги прифатите.

5-neshta-shto-im-se-vazhni-na-momcite-za-devojkata-vo-koja-se-vljubeni-02.jpg

2. Да имате реална слика за тоа кои се

Како што се продлабочува врската, така треба и вие да имате реална слика за тоа кои се и какви се во и надвор од вашиот интимен однос.

Па така, треба да ги цените нивните професионални успеси или посветеноста на семејството. Повторно, подобро и за двајцата е кога се цените еден со друг за тоа што сте навистина.

3. Да го знаете подобро отколку што се знае самиот себе

Секој е свесен за своите предности и недостатоци како индивидуа. Но, во заедничкиот однос, некогаш треба да „предвидите“ некои нешта. На пример, да оставите доволно простор кога им е потребен или да им ја понудите утехата што им е потребна.

Вистина, по некое време и двајцата ќе се знаете еден со друг како дишете и не треба да го игнорирате тоа. Напротив, искористете го како предност во односот.

5-neshta-shto-im-se-vazhni-na-momcite-za-devojkata-vo-koja-se-vljubeni-03.jpg

4. Да сакате да го сакате

Кога има љубов и двете страни уживаат во чувствата и посветеноста. Ако давате сочувство, разбирање и поддршка, истото и ќе го добиете назад.

Понекогаш повеќе сакаат да ги сакате со дела и постапки, наместо со зборови.

5. Своите чувства да ги претворате во акција

Наместо да се двоумите дали да покажете помалку или повеќе чувства, момците ценат кога им дозволувате на своите емоции да ја водат врската.

На овој начин дозволувате да изградите меѓусебна привлечност, слична како онаа од законите на физиката за привлекување.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg